Интересни и корисни трикови со чорапи кои може да ви помогнат во многу ситуации
7. Заштита на подот
Кога ќе го преместувате мебелот, ставете чорапи под ногалките, при што ќе го спречите гребењето на подот, но и подместувањето ќе ви оди полесно.
8. Маска за спиење
Чорапот има иста големина како и маската за спиење. Само додајте ластик на краевите, а внатре можете да ставите лаванда, камилица или друго растение кое ќе ве релаксира.
9. Четка за полирање чевли
Старите чорапи се совршени за полирање чевли. Нанесете на него средство за полирање и лесно завршете ја својата работа.
10. Спречете го креветот да не крцка
Доколку ви крцка креветот, тогаш ставете чорап на критичното место и одморете се на раат.
11. За шиење на фармерките
Децата имаат обичај да ги кинат фармерките, особено на нивните колена. Но, не мора веднаш да ги фрлате. Земете некој стар чорап, исечете ја потребната големина и зашијте го на скинатото место. Овој трик можете да го применувате на која било облека.
12. Чистач на табла
Чорапите се добри за бришење на табла и можете да ги користите одново и одново!