Интересни факти за Кина кои докажуваат дека оваа држава е од друг свет
11. Бидете подготвени да гледате деца од секоја возраст во баровите. Ова не значи дека отишле таму да се опуштат по тестот по математика. Најверојатно се таму со родителите или роднините.
12. Друго кинеско чудо се патиштата. Правилата постојано се прекршуваат и пешаците не се гледаат како дел од патот. И покрај ова, бројот на сообраќајни несреќи е навистина мал. Кинеските возачи умешно ги избегнуваат судирите.
13. Обичните Кинези ретко зборуваат англиски или кој било друг јазик. Исклучок можат да бидат студентите, вработените во скап хотел и луѓето во развиените градови како Хонг Конг.
14. Можете да пушите секаде. Дури и во супермаркет.
15. Најдобро е да не допирате никого, на Кинезите воопшто не им се допаѓа тоа. Ракувањето е често само помеѓу луѓето кои се навикнати да соработуваат со странци и кои се запознаени со странска култура. Ако некој ви даде визит-карта, ставете ја во паричникот што е можно повнимателно. Визит-картите ги симболизираат луѓето, па треба да ги почитувате ако сакате да ја покажете почитта кон личноста која ви ја дала.
16. Ако прифатите покана од Кинез, без разлика дали е ручек или посета на неговиот град, имајте на ум дека тој ќе плати сè. Ако се расправате за ова, ќе го навредите. Најдобро е да бидете благодарни за гостопримството и дарежливоста.
17. Денес жените зафаќаат околу 5% од војската во Кина. Армијата овозможува одлично образование, тренинг и можности за кариера, па е навистина популарна помеѓу жените. Речиси сите жени војници имаат традиционални улоги како медицински сестри или воена поддршка.
18. Ова е навистина важно ако ја посетувате Кина. Во јавните тоалети, тоалетната хартија секогаш се наоѓа до лавабото. Потребно е да земете од таму пред да одите во кабината.
19. Многумина мислат дека Кинезите се неучтиви бидејќи постојано се туркаат, не чекаат во редици и се однесуваат како никој да не постои. Заборавате на извинувањата и прифатете го фактот дека луѓето зад вас едноставно ќе се навалат на вас. Кинезите се свесни дека ова им е чудно на странците, но странците не живееле во толку густо населена држава. Има премногу луѓе во Кина. Никогаш нема да фатите место во автобус ако постојано сте учтиви. На фотографијата е приемен испит на факултет за уметност, а ова е доказ за постојната „гужва“ во Кина.
20. Ако одите во типична кинеска кафетерија не заборавајте дека таму нема виљушки. Дури и ако јадењето со стапчиња ви е предизвик, потребно е да избегнувате некои работи.
- Не ставајте ги стапчињата во оризот, освен ако сте на погреб.
- Не ставајте ги стапчињата на масата.
- Не покажувајте со стапчињата кон луѓето – тоа се смета за навреда.
- Не удирајте ги стапчињата од забите или чинијата.
- Не фаќајте ја храната со погрешниот крај од стапчињата.
- Во ред е ако ги користите како виљушка.
Без разлика колку ви е тешко, не заборавајте дека ќе ги импресионирате вашите пријатели од Кина со тоа што се обидувате.
21. Во Кина пижамите не се само за спиење. Сè повеќе и повеќе луѓе ги носат на состаноци, вечера и прошетки. Навистина е одлично што можат да носат удобна облека без да се чувствуваат засрамено.
Можеби само Јапонија е почудна држава од Кина, а овие факти ќе ве убедат во тоа.