Инспиративни цитати кои ќе ве мотивираат да го живеете најдобриот живот - Part 2

Инспиративни цитати кои ќе ве мотивираат да го живеете најдобриот живот

Цитати за вредноста на времето

„Не чекајте. Никогаш нема да биде вистинското време.“ – Наполеон Хил

„Лошите вести се дека времето лета. Добрите се дека вие сте пилот.“ – Мајкл Алтшулер

„Понекогаш нема да ја знаете вредноста на моментот додека не стане сеќавање.“ – Доктор Сус

Цитати за љубовта, пријателите и луѓето

„Некои луѓе бараат убаво место. Други го разубавуваат местото.“ – Хазрат Инајат Кан

„Ниту еден маж или жена не е остров. Да постоите само за себе е безначајно. Најголемо задоволство ќе постигнете кога ќе почувствувате дека сте поврзани со некоја поголема цел во животот, нешто поголемо од вас.“ – Денис Вејтли

„Ширете љубов каде и да одите.“ – Мајка Тереза

„Останете блиску до она што прави да ви е мило што сте живи.“ – Хафез

Цитати за проблемите во животот и нивната убавина

„Животот ги има сите овие скршнувања и свртувања. Мора да се држите цврсто и да одите напред.“ – Никол Кидман

„Мора да го оставите животот што сте го планирале за да го живеете животот што ве чека.“ – Џозеф Кампбел

„Животот се менува многу брзо, и на позитивен начин ако му дозволите.“ – Линдзи Вон

„Животот е како возење велосипед. За да одржите рамнотежа мора да продолжите да се движите.“ – Алберт Ајнштајн

„Нема поголема агонија од тоа да ја носите нераскажаната приказна во вас.“ – Маја Анџелоу

Цитати за скромноста и нежноста

„На нежен начин можете да го помрднете светот.“ – Махатма Ганди

„Шампионот не е дефиниран по неговите победи, туку по начинот на закрепнување откако нема да успее.“ – Серена Вилијам

Цитати за вашата најдобра верзија

„Не секогаш ви треба план. Понекогаш треба само да дишете, да верувате и да видите што ќе се случи.“ – Менди Хејл

„Без разлика што ви велат луѓето, зборовите и идеите можат да го променат светот.“ – Робин Вилијамс

„Држете го лицето кон сонцето и сенките ќе паднат зад вас.“ – Волт Витман

„Ограничете го вашето секогаш и вашето никогаш.“ – Ејми Полер

„Осветлете го утре со денес.“ – Елизабет Барет Браунинг

„Личноста се прави, не се дава.“ – Барбара Миерхоф

„За што живеам и за што умирам е едното исто прашање.“ – Маргарет Атвуд

„Дозволете му на животот да танцува на работ од времето како капки на врвот на листот.“ – Рабиндранат Тагоре

Цитати за мотивација и светот на можностите

„Мотивацијата доаѓа од работење на нештата за коишто се грижиме.“ – Шерил Сендберг

„Со правилен тренинг и посветеност можете да постигнете сè.“ – Рис Витерспун

„Морате да ги направите нештата што мислите дека не можете да ги направите.“ – Еленор Рузвелт

„Ништо не е невозможно. Самиот свет вели: ‘Јас сум возможен!’“ – Одри Хепберн

Цитати за вашата страст и цел

„Верувам дека целта е нешто за коешто сте одговорни вие, а не ви е доделено.“ – Мајкл Џ. Фокс

„Ако го организирате животот околу вашата страст, можете да ја претворите страста во ваша приказна, а вашата приказна во нешто поголемо – нешто што е важно.“ – Блејк Микоски

„Наведнете се напред во животот. Започнувајте го секој ден како да е намерно.“ – Мери Ан Радмачер

„Луѓето кои мудро го трошат времето го поминуваат во активности кои им ја напредуваат животната цел.“ – Џон К. Максвел

„Се согласувам дека ништо не му дава поголема цел на животот од сфаќањето дека секој свесен момент е скапоцен и кршлив подарок.“ – Стивен Пинкер

„Големите умови имаат цел, другите имаат желби.“ – Вашингтон Ирвинг

„Мора да имаме тема, цел во животот. Ако не знаете кон што целите, немате цел.“ – Мери Кеј Аш

„Кога останувате намерно и не му дозволувате на стравот да ве обесхрабри, се поврзувате со вашето бескрајно јас во кое постојат сите можности.“ – Вејн Диер

Ако сакате уште инспирација, овие моќни цитати ќе ви го дадат тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар