Илустрирани вистини за животот
Алекс Нориега е триесетгодишен маж од Барселона. Тој е роден таму, но моментално живее со неговата девојка во Мапуто, Мозамбик во Африка, каде ги поминува своите денови цртајќи и читајќи книги.
Во 2010 година тој поминувал низ некој кризен период од животот, како резултат на проблемите кои ги имал на работа, поради што се решил да го отвори блогот насловен „Stuff No One Told Me“ (Работи кои никој не ми ги нема кажано), како обид да дознае што е тоа што не го прави како што треба. Тој сакал сето она коешто го научил во текот на животот да го стави на хартија и да го поедностави најмногу што може, за да види дали она што се случува околу него прави некаква смисла.
Во моментов тој работи на графички илустрирана книга која ќе се вика „Anosmic“ што во превод би значело губење на чувството за мирис. Се разбира, насловот се однесува на апсурдноста во однесувањето на луѓето. Погледнете дел од неговите смешни, но и длабоки илустрации кои тој ги има изработено.

Висината на твојата плата не одредува колку си добар како личност.

Оние работи кои е тешко да се кажат, се најчесто и најважни.

Ако не криеш ништо, ќе немаш ни што да сокриеш.

Сè уште си немоќен, ако си добар само во една работа.

Жените се онолку сексуално „загреани“ колку што се и мажите. Тие само подобро го кријат тоа.

Најди некој со кој ќе можеш да се смееш за сè и останатото ќе биде во ред.

Никој нема да ти ги оствари твоите желби. Мораш да се потрудиш сам да го направиш тоа.

Одвои малку време за да бидеш мрзелив. Тоа е добро за тебе.

Факт: Големите компании ќе ја исцицаат твојата крв и душа… Обиди се да ги избегнуваш.

Предолгото размислување за некој проблем, не мора да значи дека ќе ти помогне за полесно да го решиш.

„Здраво“ е најмоќниот збор против осаменост.

Не можеш да се ослободиш од твоите стравови… Но, можеш да научиш да живееш со нив.

Вината е бескорисна емоција.

Луѓето кои секогаш ја кажуваат вистината, независно од тоа колку е болна, се кретени. Крај на приказната.

Секојдневно предизвикувај се по малку.

Твоите најстрашни сомнежи се вистинити… Сите освен ти, имаат секс во моментов.

Забавата е релативен концепт.

Во ред е да се премислуваш во врска со луѓето и работите во твојот живот… Само обиди се тоа да има некаква смисла.

Секогаш биди свој, освен ако си арогантно копиле.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Фантастично!!!
Прекрасно!
Ме остави без зборови!