Грешка во матриксот: 5 искуства кои покажуваат дека реалноста можеби не е реална

Грешка во матриксот: 5 искуства кои покажуваат дека реалноста можеби не е реална

Сте чуле за феноменот што се нарекува „грешка во системот“? Тој е сличен со дежаву или предвидување, и станува збор за ситуација во која личноста гледа нешто што ги крши законите на физиката и реалноста.

Може да биде личност во толпа која два пати го прави сосема истото движење, или пак човек кој два пати сосема исто си го проверува паричникот. Погледнете неколку вакви искуства од корисниците на Редит. Што мислите, дали навистина реалноста е само илузија?

1. Не сум сигурен што се случи на работа денес

„Никогаш сум немала искуство со ваква ‘грешка во системот’, но денес ми се случи нешто многу чудно. Работам како касиерка за да можам да се издржувам додека сум на факултет. Многу здодевна работа, но обично работам на брзата каса. Често работам и ноќни смени. Пред некој ден, околу 19 часот, немаше многу гужва и имав муштерии на секои 10 минути. Еден маж кој имаше околу 40 години, и двете негови деца купија замрзната пица, сладолед, пиво и некои други работи за дома. Водевме најобичен разговор, му ја побарав личната карта за алкохол и тие заминаа.

Околу 5 минути подоцна го гледам истиот човек како повторно доаѓа на мојата каса. Го прашав дали заборавил нешто, а тој ми рече ‘За што зборуваш?’ Погледнав во неговата кошничка, и во неа се наоѓаа потполно истите работи како пред 5 минути. Беше со истите 2 деца. Само стоев збунета и го прашав дали беше во продавницата пред малку. Тој ми рече не, и јас морав да се насмевнам и да му речам дека веројатно некој личел на него. Но знам дека беше истиот човек, дури му ја проверив и личната карта втор пат. Ја прашав колешката која работеше на соседната каса за ситуацијата, но таа ми рече дека не обрнувала внимание.“

2. Мојата рефлексија направи грешка

„Најстрашното нешто што ми се има случено беше минатата година. Понекогаш уште ми е страв да погледнам во огледалото. Седев пред огледалото и се шминкав и трепнав, но мојата рефлексија трепна по мене. Накратко, ја видов мојата рефлексија како трепка.“

3. На семафорот…

„Се разбудив во 5 наутро за на работа. Излегов од дома околу 5.30. Како што претпоставувате, на улицата немаше речиси никој. Веќе бев на половина пат до работното место кога застанав на црвено. Малку пред мене имаше едно момче на мотор, кое не застана на семафорот, туку сврти десно. Така, само јас останав пред семафорот.

Немаше никој ни пред мене, ни зад мене, ни до мене. Погледнав на ретровизорот, немаше ни еден автомобил. Кога светна зелено, тргнав нанапред и случајно повторно погледнав во ретровизорот. Она што го видов… истото момче на моторот повторно врти десно. Истото нешто што го видов пред 12-18 секунди се случи повторно. Уште не знам што да мислам за ова. Сигурен сум дека бев сам на семафорот.“

4. Ме разбуди некој звук

„Синоќа се разбудив 2 пати. И во двата случаи причината беше некој чуден звук. Нешто како ‘бииип’… Се разбудив бидејќи овој тон не доаѓаше од надвор, туку од мојата глава! Ништо чудно, нели? Си реков дека сум премногу изморена и не размислував за тоа. Но, за време на ручекот ми се јави сопругот, како и обично, и ме праша што е тој звук. Јас не можев да слушам ништо, но тој го опиша звукот што ме разбуди.

Како е тоа можно кога звукот доаѓаше од мојата глава? Претпоставив дека е нешто од телефонот. Откако завршив со разговорот со сопругот почнав да размислувам за ситуацијата. Стоев во кујната и ги миев садовите и гледав низ прозорецот. Помина едно бело комбе и го забележав бидејќи возачот си го чепкаше носот, а тоа ме насмеа. Само 3 минути подоцна, помина истото комбе, а возачот си го чепкаше носот на истиот начин!“

5. Можеби некој имал слично искуство

„Ова ми се случи минатиот декември. Со сопругот, бебето и 4-годишното дете бевме кај моите родители бидејќи чекавме да ни го средат станот. Кај нив престојувавме околу 5 месеци. Собата во која бевме сместени беше на долниот кат, веднаш под бањата на моите родители и нивната соба. Креветот на кој спиевме беше свртен кон огромна полица за книги што ја изгради татко ми. Едно утро ми беше тешко да станам и не можев да ги отворам очите од зимското сонце. Малку успеав да ги отворам, и ја видов полицата, како и обично. Но, наеднаш целиот ѕид со полицата се помрдна неколку стапки на лево а потоа назад, и тоа толку брзо што си помислив дека сонувам. Ги затворив очите на кратко, и пак ги отворив и полицата беше на правилното место. Но потоа уште еднаш го направи движењето, прво лево а потоа назад на своето место, како машина за пишување.

Тогаш веќе знаев дека сум будна. Бев сама во собата со бебето. Излегов од собата збунета и си реков дека сигурно е некоја халуцинација од спиењето. Подоцна дојде мајка ми и додека пиевме кафе ми рече тивко дека нејзиниот кревет се тресел утрово. Ја замолив да ми објасни што се случило. Ми рече дека кога се разбудила го забележала сонцето низ прозорецот, и само што сакала да стане, нејзиниот кревет се помрднал налево, а потоа се вратил назад. Таа се исправила и седела некое време исплашена, но движењето не се повторило. Навистина е чудно што се поместиле две работи кои се една над друга, и тоа во речиси исто време. Тогаш ѝ кажав на мајка ми за моето искуство со полицата. И двете само се сложивме дека е навистина чудно и не можевме да си го објасниме ова искуство. Од тогаш ми се нема случено ништо слично.“

Некои луѓе сметаат дека овие грешки се доказ дека нашата реалност е некаква компјутерска симулација, или пак дека сме живи на некое друго место и едноставно го сонуваме ова. Без разлика што мислите за овие феномени, тие се навистина чудни и поттикнуваат прашања за природата на времето и реалноста.

Прочитајте го и овој морничав онлајн разговор.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар