Фотографка од Москва го напуштила удобниот живот и сега живее во шума со 100 кучиња
Таму немало ни струја ни вода, само големо поле со дрва. Дарја и сопругот почнале да градат големи куќи за кучињата. Во зима со скии оделе по месо и гориво за генераторот. Но, најважното било што кучињата биле среќни и не му претставувале проблем на никого. Токму ова бил сонот на Дарја.
Сега Дарја и нејзиниот сопруг имаат над 100 кучиња кои секој ден јадат месо и риба и имаат огромен простор за движење. Некои од нив користат инвалидски колички бидејќи им се оштетени коските, а некои пак сакаат да спијат покрај радијаторот бидејќи се стари. Но сите овие кучиња добиле шанса за живот со семејство што ги сака безусловно.
Дарја и нејзиниот сопруг сè уште одат пеш по храна и одат во домовите на нивните пријатели за да се истушираат и да земат дрва за огрев. Исто така треба да се справуваат и со сите медицински процедури што им се потребни на животните. Животните услови на парот не се најдобри бидејќи немаат доволно пари за сè, а приоритет им е удобноста на кучињата.
Еднаш Дарја сретнала волонтерка која ѝ кажала дека се грижи за лисици, па Дарја посакала да го прави и тоа. Еден месец подоцна, во засолништето пристигнале и првите лисици. Со ова започнало ново поглавје од животот на Дарја.
На овие животни им се потребни посебни услови бидејќи лисиците можат да избегаат и преку најмалата пукнатина. Но благодарение на експертите, се решил и тој проблем. Денес Дарја има и Инстаграм профил на кој објавува за нејзиниот живот со лисиците, како се грижи за нив и одговара на прашањата од следбениците.
Најчесто ѝ биле поставувани две прашања, од кои едното е од каде имаат пари за сè. За среќа Дарја сè уште уредува фотографии, па има неколку клиенти од минатото. Исто така добива помош од нејзините пријатели и други луѓе.
Второто најчесто прашање било зошто се одлучила на овој живот. За Дарја одговорот е очигледен:
„За нивните среќни очи.“
Исто така, Дарја воопшто не сака кога нивниот дом е нарекуван засолниште:
„Ние сме семејство. Засолништето е само привремено место за животно што не му е потребно на никој. Сите кучиња се наши. Живееме за нив и тие остануваат со нас до самиот крај, без разлика на сè.“
Погледнете и како изгледа животот на жена која родила 44 деца.