Фотографии што ја откриваат невидената страна на нештата
6. Човечки нервен систем
Во 1925-та година, двајца студенти по медицина од Мисури си поставиле предизвик да го дисецираат нервниот систем од труп. Започнале од мозокот и успеале да го извадат целиот систем во еден дел. За процесот биле потребни 1.500 часови. Нервниот систем на фотографијата се наоѓа во Музејот за остеопатска медицина на Универзитетот во Кирксвил. Во светот постојат само 4 целосно извадени нервни системи.
7. Избричена кожа на тигар
Секој тигар има уникатни шари кои се совршени за камуфлирање. Интересно е што шарите не се само на крзното, туку и на кожата на тигарот.
8. Транспарентна жаба
Овие жаби живеат во дождовните шуми на Костарика, Панама, Колумбија и Еквадор. Нивната кожа е целосно транспарентна и можете да им ги видите сите внатрешни органи. Научниците не знаат која е еволуционата цел на транспарентната кожа, но постои мислење дека треба да наликуваат на јајца, така што ќе ги збунат предаторите.
9. Глобус за слепи луѓе
Во 1830-та година, инженерот Стивен Престон Раглс започнал навистина интересен проект. Тој направил мапа од Бостон со сите улици, патишта, мостови и плоштади и ги означил со дрвени испакнатини. Со векови слепите луѓе немале како да учат географија, а ова е еден од најраните обиди да им се овозможи тоа.
10. Темната страна на Месечината која минува пред Земјата, фотографирана на далечина од илјадници километри
Од НАСА ја направиле оваа уникатна фотографија од Месечината додека минувала пред нашата планета. „Темната страна“ на Месечината не е видлива од Земјата.
Продолжува на следната страница…