Фотографии од животот на кралицата Елизабета II кои го покажуваат создавањето на модерната историја
Значајни средби и политички влијанија
Во своето владеење, кралицата остварила значајни средби со претставници од политиката, но и од културниот живот. На самиот почеток на 70-тите, нејзини гости биле претседателот Ричард Никсон и неговата сопруга.
Во 70-тите, таа ги имала и значајните политички настапи и тоа за време на парламентарните избори во 1974 година, кога резултатот бил изедначен, па кралицата побарала од лабористот Харолд Вилсон, дотогаш опозиција, да формира влада. Помош од неа побарала и Австралија во 1975, но откако одбила, републиканизмот во државата земал голем подем.
Во 1977 година таа прослави сребрен јубилеј – 25 години на кралскиот трон.
Ерата на принцезата Дијана
Во 1981 година, првиот наследник во редот за тронот, принцот Чарлс, се оженил со Лејди Дијана Спенсер, по што таа станала принцеза од Велс.
Во следните години роден е принцот Вилијам, а принцот Ендрју бил испратен на отслужување воен рок. Во 1982 година кралицата остварила нови значајни средби, меѓу кои и со папата Јован Павле II и со претседателот на САД, Роналд Реган.
Следната година таа имала конфликт со Реган, бидејќи тој наредил инвазија врз Гренада, дел од Комонвелтот, без да ја информира за планираните чекори.
Во 1991, таа станува првиот британски монарх кој добива збор во Конгресот на САД.
Лошите години за кралското семејство
Принцот Ендрју се разведе од неговата сопруга Сара во 1992, а кратко потоа и принцезата Ен се разведе од капетанот Марк Филипс. За време на официјална посета во Германија била гаѓана со јајца, а подоцна дворецот во Виндзор бил опожарен.
Приватните животи на наследниците станале премногу јавни, па поради тоа, таа, Филип, премиерот Џон Мајор и бискупот од Кантербери, напишале писмо до принцот Чарлс и принцезата Дијана, во кое им советуваат да се разведат.
Во 1997 година во Париз, во сообраќајна несреќа загина принцезата Дијана. Оваа смрт го сврте вниманието кон кралицата, која на сето тоа одговори со организирање кралски закоп. Оттогаш, таа често положува цвеќиња на гробот на принцезата, која е мајка на внуците кои се потенцијални наследници на тронот.
Кратко потоа, таа и Филип прославија 50 години од стапувањето во брак.
Децении на смрт и војни
По нападите во САД на 11 септември 2001, кралицата со официјална делегација присуствуваше на комеморацијата за загинатите, од кои 67 беа Британци.
Во 2002 година, за краток период таа ги изгуби својата мајка, кралицата Елизабета I, а брзо потоа почина и нејзината сестра, принцезата Маргарет. Но, во текот на истата година прослави и 50 години владеење.
Во 2003 таа со премиерот Тони Блер одлучија да направат сојуз со САД, за напад врз Иран и победа врз Садам Хусеин. Истата година, Путин се обиде да ги обнови дипломатските односи со Британија, нарушени во текот на војната во Ирак. Ова е последна посета на руски претседател во држави на Обединетото Кралство.
Во 2011 започна нова ера во кралското семејство. Нејзиниот внук, принцот Вилијам се ожени со Кетрин Мидлтон, која денеска е позната како војвотката Кејт од Кембриџ. Тие имаат три деца, кои во редот за наследување на тронот се пред нивниот чичко, принцот Хари.
Во текот на мај оваа година, во кралското семејство доаѓа нов член. Принцот Хари се жени со поранешната актерка Меган Маркл, која со официјализацијата на нивната врска мораше да се повлече од актерската кариера.
Кралицата Елизабета II денеска има 92 години и цела низа потенцијални наследници. Прв во редот е принцот Чарлс, нејзиниот најстар син, кој на тронот ќе седне доколку таа одлучи да се пензионира, да се повлече или во случај на нејзина смрт. Според модерните правила, не е неопходно наследникот да е член на семејството. Кратко по роденденот таа пред лидерите на Комонвелтот го предложи Чарлс како свој наследник, на што тие се согласија.
Дознајте и кои се 7-те зборови кои кралското семејство никогаш не ги користи.