Формата на вашето лице кажува многу за вашиот карактер - Part 2

Формата на вашето лице кажува многу за вашиот карактер

6. Правоаголник

(6)formata-na-vasheto-lice-mozhe-da-vi-kazhe-mnogu-za-vashiot-karakter-kafepauza.mk

Луѓето со оваа форма имаат долги и тенки лица. Тие се многу интелигентни, но може да имаат проблем со претераното размислување. Бидејќи се големи мислители, тие се познати и како планери и често се оддалечуваат од нивните чувства. Жените како Сандра Булок и Сара Џесика Паркер ја имаат оваа форма на лицето.

7. Круг

(7)formata-na-vasheto-lice-mozhe-da-vi-kazhe-mnogu-za-vashiot-karakter-kafepauza.mk

Луѓето со оваа форма изгледаат навистина пријателски и тоа не е далеку од вистината. Тие се топли и чувствителни. Ова се луѓето кои најлесно создаваат нови пријателства. Овие луѓе често мораат да се штитат бидејќи многу лесно можат да бидат искористени. Адел и Селена Гомез имаат кружни лица.

8. Издолжено лице

(8)formata-na-vasheto-lice-mozhe-da-vi-kazhe-mnogu-za-vashiot-karakter-kafepauza.mk

Оваа форма е слична како правоаголната, само што карактеристиките се малку позаоблени. Овие луѓе сакаат да ги следат правилата и не преземаат големи ризици. Може да бидат повлечени, но тие се едни од најдобрите луѓе штом ќе ги запознаете подобро. Оваа форма на лице ја имаат Меган Фокс и Кери Андервуд.

9. Триаголник свртен наопаку

(9)formata-na-vasheto-lice-mozhe-da-vi-kazhe-mnogu-za-vashiot-karakter-kafepauza.mk

Во оваа група луѓе спаѓаат Ен Хатавеј и Аманда Сејфрид. Луѓето со оваа форма имаат големо чело, но уште поголемо срце. Тие се навистина добри и лесно се спријателуваат. Проблемот е што понекогаш луѓето сметаат дека се премногу пријателски настроени.

10. Трапезоид

(10)formata-na-vasheto-lice-mozhe-da-vi-kazhe-mnogu-za-vashiot-karakter-kafepauza.mk

Овие луѓе имаат јасно изразени црти на лицето. Тие сакаат да ги прават работите по нивно и не бараат помош од никого. Другите луѓе секогаш бараат помош од нив. Нивните остри црти можеби ги прават да изгледаат непријателски настроени, но вреди да се запознаете со овие личности. Тие се одлични пријатели штом ќе одлучат да ви се отворат. Џенифер Гарнер и Џенифер Лопез имаат ваква форма на лицето.

Погледнете ги и фризурите што го откриваат вистинскиот карактер на мажите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар