Финска ќе биде првата земја во светот што ќе ги укине сите училишни предмети

Финска ќе биде првата земја во светот што ќе ги укине сите училишни предмети

Финскиот образовен систем важи за еден од најдобрите во светот. На меѓународно ниво, секогаш се наоѓа во првите десет. Меѓутоа, тоа не значи дека финските власти ќе престанат со воведување иновации во училишниот систем. Имено, тие сакаат да ги укинат сите училишни предмети од наставната програма. Нема да има повеќе часови по физика, математика, книжевност, историја и географија.

Финска ќе биде првата земја во светот што ќе ги укине сите училишни предмети

Марјо Килонен, министерот за образование во Хелсинки, ги објаснува овие промени:

„Постојат училишта што предаваат по застарени методи, кои биле корисни на почетокот од 1900-тите години, но сега потребите се сменети и ни треба нешто што ќе одговара за 21-ви век.“

Наместо поединечни предмети, учениците ќе учат за настани и појави во интередисциплинарна форма. На пример, Втората светска војна ќе се разгледува од историски, географски и математички аспект. Освен тоа, преку предметот „Работа во кафуле“ (Working in a Cafe), учениците ќе добиваат знаење од областа на англискиот јазик, економијата и комуникациските вештини.

Овој систем ќе биде наменет за ученици на возраст од 16 години. Генерално, идејата е учениците самите да изберат за која тема или појава би сакале да учат, со тоа што ќе ги земат предвид и нивните идни амбиции и способности. На овој начин, ниту еден ученик нема да поминува низ учење предмети како што се физика и хемија и притоа да си вели „За што ќе ми треба ова во животот?“.

Исто така, и традиционална форма на комуникација помеѓу наставниците и учениците ќе се промени. Учениците нема да седат во училишните клупи, нервозно чекајќи да бидат испрашани. Наместо тоа, тие ќе работат заедно во мали групи и ќе дискутираат за одредени проблеми.

Целта на финскиот образовен систем е да ја поттикне колективната работа и затоа овие промени ќе влијаат и на наставниците. За да се спроведат училишните реформи ќе биде потребна огромна соработка меѓу наставниците по различни предмети. Околу 70% од наставниците во Хелсинки веќе почнале да се подготвуваат за новиот систем, поради што ќе добијат покачување на платата.

Што мислите вие за овие идеи? Би сакале да учите на ваков начин?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар