Факти што не сте ги знаеле за најдалечните острови ширум светот
6. Икарија, Грција
Овој остров е дом на најстарите луѓе на планетата
Икарија е грчки остров во Егејското море. Познат е по силното црвено вино и неверојатните пејзажи. Овде живеат над 8.000 среќни луѓе, толку среќни што третина од населението има барем 90 години.
7. Кох Јао Јаи, Тајланд
Овој остров е еден од последните недопрени острови на планетата
Заедно со неговиот „брат“ Кох Јао Нои, овој остров се наоѓа во средината на заливот Панг Нга. Островот е помалку населен од Пукет. Кох Јао Јаи е речиси недопрен, на него се наоѓаат само неколку одморалишта, а плажите се неверојатни.
8. Ниуе
На островот има помалку од 1.500 жители од кои сите имаат двојно државјанство и разбираат и англиски и ниуеански јазик
Ниуе е островска држава во сојуз со Нов Зеланд во Океанија, а голем дел од населението се Полинезијци. Островот има површина од 259 километри квадратни. Опкружен е со корален гребен и е вистинска атракција за луѓето кои сакаат нуркање. Исто така овде можете да видите и грбави китови додека мигрираат.
9. Окракок, Северна Каролина
Островот има многу пони коњи кои можете да ги забележите на неверојатните плажи
Островот Окракок е мирна верзија на крајбрежната енклава. Токму неговата оддалеченост го овозможува ова и до островот се стигнува само преку вода или воздух.
10. Саба, Кариби
На овој остров се наоѓа најкратката писта на светот
Малкумина знаат за Саба, па можеби ова го прави совршена локација за карипски одмор. Саба има површина од само 13 километри квадратни.
11. Света Елена
Островот немал писта сè до 2016-та година
Света Елена се наоѓа во јужниот дел на Атлантскиот Океан и ѝ припаѓа на Велика Британија. На овој вулкански тропски остров има само 4.500 жители.
Доколку уживате во гужви, погледнете кои се најнаселените острови во светот.