Факти кои докажуваат дека нашето тело е сосема друг свет - Part 2

Факти кои докажуваат дека нашето тело е сосема друг свет

6. Мочен меур

Факти кои докажуваат дека нашето тело е сосема друг свет

  • Откако урината ќе ги напушти бубрезите, таа се складира во мочниот меур.
  • Овој орган изгледа како празна кеса и може многу да се растегне. Волуменот на урината што може да ја складира мочниот меур е помеѓу лименка и шише од околу половина литар.
  • Мочниот меур на возрасна личност изгледа како круша, и по форма и по големина.

7. Црева

Факти кои докажуваат дека нашето тело е сосема друг свет

  • Цревата се најголемиот внатрешен орган во нашето тело. Нивната должина е 6 метри и доколку се растегнат, можат да покријат две тениски игралишта.
  • Во цревата има еден килограм бактерии.
  • Интересно е што Јапонците имаат уникатни микроби во нивните црева кои им помагаат побрзо да ги преработат морските алги.

8. Желудник

Факти кои докажуваат дека нашето тело е сосема друг свет

  • Стомакот има навистина голем капацитет и може да го промени волуменот од 1 на 4 литри, во зависност од тоа колку е полн.
  • Желудочната киселина е толку силна што може да разгради и некои метали.
  • За да не се дигестира самиот, желудникот има неколку слоеви од кој секој има важна улога. На секои две недели, тенкиот внатрешен слој целосно се регенерира.
  • На празен стомак, киселината на желудочните сокови е толку висока што може да разгради синтетичка пластика.

9. Мозок

Факти кои докажуваат дека нашето тело е сосема друг свет

  • Мозокот е можеби единствениот орган за чија функција сè уште постојат мистерии. Овој орган има околу 100 милијарди неврони.
  • Мозокот нема рецептори за болка. Односно, може да испраќа сигнали за болка, но не може да ја чувствува.
  • Мозокот има меморија од околу 100 терабајти.
  • За жал, мислењето дека користиме само мал дел од мозокот е само мит. Го користиме целиот мозок, па дури и 10% додека спиеме.

10. Панкреас

Факти кои докажуваат дека нашето тело е сосема друг свет

  • Панкреасот има опашка и глава.
  • Можеме да живееме без овој орган, но нема да биде забавно. Иако храната никогаш не оди во панкреасот, тој има важна улога за дигестијата поради ензимите што ги лачи.
  • Панкреасот има рецептори за вкус и може да забележи шеќер, но не ги испраќа сигналите до мозокот како јазикот. Наместо тоа, панкреасот ги користи овие податоци за да воспостави рамнотежа кај хормоните.

Прочитајте ги и овие неверојатни факти за женското тело.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар