Експерт за однесување ги открива 10-те правила што ќе направат да изгледате како принцеза - Part 2

Експерт за однесување ги открива 10-те правила што ќе направат да изгледате како принцеза

6. Претставувањето помеѓу гостите нека биде најбрзо што може

Експерт за однесување ги открива 10-те правила што ќе направат да изгледате како принцеза

Ваша задача како домаќин е да разговарате со сите ваши гости и да се осигурите дека им е удобно. Помогнете им да најдат заеднички интереси. Сите претставувања треба да завршат пред почетокот на оброкот.

7. Каснете три залаци и престанете

Експерт за однесување ги открива 10-те правила што ќе направат да изгледате како принцеза

Војвотките секогаш го оставаат нивниот прибор откако ќе каснат 3-4 залаци. Исто така, на членовите од кралското семејство им е забрането да почнат да јадат пред кралицата. Покрај тоа важно е да внимаваат на брзината со која јаде кралицата бидејќи штом ќе заврши таа, треба да завршат и другите.

8. Правилно држете ги шолјите со кафе и чај

Експерт за однесување ги открива 10-те правила што ќе направат да изгледате како принцеза

Според правилата за однесување, шолјите со кафе и чај се држат на различен начин. Шолја чај се држи со помош на палецот и показалецот, а средниот прст се поставува под рачката како потпора. Ако држите шолја за кафе, показалецот можете да го протнете низ рачката.

9. Тоалетот мора да биде беспрекорно чист

Експерт за однесување ги открива 10-те правила што ќе направат да изгледате како принцеза

Немојте на глас да кажувате дека ќе одите во тоалет. Едноставно извинете се пред да ја напуштите масата. Исто така вашиот тоалет секогаш треба да биде чист. Треба да има сапун, крема за раце и чисти крпи за гостите. Чувањето материјали за читање и ароматични свеќи во тоалетот не е хигиенски. Исто така тоалетната хартија се поставува така што нејзиниот крај е горе, а на долу.

10. Бидете добри кон опкружувањето

Експерт за однесување ги открива 10-те правила што ќе направат да изгледате како принцеза

Војвотките секогаш треба да се однесуваат добро, грижливо и со почит. Секогаш прво мислете на другите.

Погледнете и кои се зборовите што кралското семејство никогаш не ги користи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар