Дознајте што мислат луѓето за вашите селфиња

Дознајте што мислат луѓето за вашите селфиња

Ако поседувате телефон со камера, сигурно барем еднаш досега сте си направиле селфи. Тука нема ништо погрешно. Без разлика дали сте си ја проверувале шминката, дали косата ви изгледала неверојатно добро или едноставно сте посакале да направите селфи без никаква особена причина, сите го правиме истото. Понекогаш чувствувате потреба да му покажете на светот колку сте интересни, па затоа решавате да објавите селфи на социјалните мрежи.

Дознајте што мислат луѓето за вашите селфиња

Но, што мислат другите за вашите селфиња? Неодамнешните истражувања го испитале ова прашање и резултатите можеби нема да ви се допаднат многу, но дефинитивно ќе ви ја разбудат свеста.

Истражувачите од Минхен испитале 238 луѓе од Австрија, Германија и Швајцарија и ги прашале што мислат за селфињата и колку често тие самите ги прават овие фотографии. Не е никакво изненадување тоа што 77% од испитаниците одговориле дека прават селфи барем еднаш месечно, а 49% откриле дека добиваат нечие селфи барем еднаш неделно. Јасно е дека многу луѓе го следат овој тренд на фотографирање. Но, иако многумина од нас прават селфиња, тоа не значи дека другите сакаат да ги гледаат. Според истражувањата, 90% од испитаниците мислат дека селфињата им служат на луѓето за да се промовираат себеси, а само 46% од нив ги гледаат и сопствените селфиња на истиот начин.

Ова докажува колку е ниска човечката свест, но тоа не е некое големо изненадување.

„Ние донесуваме заклучок за себе според нашите намери, а за другите според нивното однесување“, заклучил авторот на истражувањето.

Постои психолошко објаснување за ваквиот начин на размислување. Ова се случува кога доживуваме когнитивна дисонанса, односно судир на две или повеќе нескладни верувања. Во основа, когнитивната дисонанса прави да се чувствуваме непријатно, па затоа се обидуваме да ги рационализираме нашите мисли и однесување. Токму затоа размислуваме на следниов начин: „Кога други луѓе прават селфиња, тоа значи дека се нарциси, но кога јас го правам истото, тоа е во ред бидејќи косата ми изгледа одлично и не објавувам селфиња толку често“.

Доколку овие откритија ве поттикнаа засекогаш да се откажете од предната камера, сепак немојте да преземате драстични мерки. Имено, според едно истражување спроведено на Универзитетот во Калифорнија, селфињата можат да ви го подобрат расположението. Освен тоа, други истражувања докажале дека правењето селфиња им ја зголемува самодовербата на тинејџерите. Токму затоа, слободно продолжете со вашите селфиња, но со мерка!

Со други зборови, само затоа што тие делуваат нарцисоидно за некои луѓе, тоа не значи дека треба да престанете да ги објавувате, особено ако се работи за поединци кои и самите прават селфиња. Поентата е дека не треба да се откажете од вашите потреби само поради многубројните хејтери. Ако имате потреба да објавувате селфиња, тогаш објавувајте селфиња без пардон!

Иако не треба да претерувате со ваквиот начин на фотографирање, не ги заборавајте 5-те начини на кои селфињата прават да се чувствувате подобро.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

  1. Перо Reply

    „… селфињата можат да ви го подобрат расположението. Освен тоа, други истражувања докажале дека правењето селфиња им ја зголемува самодовербата на тинејџерите.“

    – и дрога може да ти го подобри, па не ја земаме, нели? Во основа, самосликот е активност која предизвикува лачење на дрога (допамин), и како и со секоја друга стимулатвна дрога, води кон депресија после нејзиното користење.

    Самосликот е одраз на модерната епидемија на болеста наречена нарцисизам.

    Не се сликајте копиљаци, работете на себеподобрување и ќе стигнете до момент кога ќе бидете задоволни од тоа што сте, а не од како другите ве гледаат.

Остави коментар