Дознајте каков карактер имате според вашите навики за спиење: Дали сте мечка, делфин, лав или волк?
Кога станува збор за навиките за спиење, луѓето обично се делат на дневни и ноќни птици. Дневните птици се будат заедно со изгрејсонцето, продуктивно го искористуваат денот и си легнуваат порано. Ноќните птици, пак, спијат до пладне, попродуктивни се навечер и си легнуваат многу доцна. Но, овие општи стереотипи не ја објаснуваат целосно работата на нашите биолошки часовници. Точно е тоа дека на некои луѓе им треба повеќе сон за да функционираат нормално како и тоа дека различни луѓе се најпродуктивни во различни периоди од денот. Во тој контекст, според некои експерти, на луѓето им се потребни повеќе од две категории кога станува збор за биоритамот.
Докторот Мајкл Бриус нашол нов начин за определување кој период од денот е најпродуктивен за различни луѓе. Имено, тој смета дека постојат 4 типови личност кои ги нарекува „хронотипови“. Според Бриус, овие хронотипови можат да ни помогнат да одредиме кој период од денот најмногу ни одговара за работа, спиење, учење, будење, вежбање, па дури и за водење љубов. Тој одбрал 4 животни кои најдобро го претставуваат секој од различните типови личност. Прочитајте ги нивните карактеристики и пронајдете го животното кое најмногу одговара на вашите навики за спиење…
Делфин
Овој тип личност се одликува со голема претпазливост, интровертност, невротичност и интелигенција. Тие одбегнуваат ризични ситуации и постојано се стремат кон совршенство. Опседнати се со детали. Делфините обично се будат уморни и тоа трае во текот на целиот ден. Енергија добиваат дури на крајот од денот. Нивната продуктивност достигнува највисоко ниво на одредени ненадејни интервали во текот на денот.
Најдобар период од денот за:
- Спиење – 23:30 часот
- Будење – 6:30 часот
- Вежбање – 7:30 часот
- Водење љубов – 20:00 часот
- Учење нови работи – 15:00 – 21:00 часот
Лав
Лавовите се стабилни, практични и позитивни. Тие се фокусираат на нивното здравје, ја обожаваат љубовта и дружењето со други луѓе. Лавовите се најбудни на пладне. Стануваат рано и можат да заспијат без многу труд. Убаво е да се биде крал на животните!
Најдобар период од денот за:
- Спиење – 22:00 часот
- Будење – 5:30 часот
- Вежбање – 17:30 часот
- Водење љубов – 6:00-7:00 часот
- Учење нови работи – 8:00-12:00 часот
Мечка
Овој тип личност се одликува со голема претпазливост. Мечките се исто така многу слободоумни и дружељубиви. Тие одбегнуваат конфликти и на прво место секогаш ја ставаат среќата. Не сакаат промени, туку ги сакаат оние нешта што им се добро познати. Повеќето мечки се будат откако ќе стиснат „снуз“ неколку пати. Се чувствуваат уморно во текот на денот и спијат многу цврсто, но не толку долго колку што би сакале. Мечките се најбудни од 10:00 часот до попладне, а најпродуктивни пред ручек.
Најдобар период од денот за:
- Спиење – 23:00 часот
- Будење – 7:00 часот
- Вежбање – 12:00 часот
- Водење љубов – 7:00 или 21:00 часот
- Учење нови работи – 10:00-14:00
Волк
Волците знаат да бидат песимистични и импулсивни, но и прилично креативни ако не се баш расположени. Тие преземаат ризици и бараат задоволство во нови искуства и работи. Нивните реакции се многу емотивни и интензивни. Волците мразат да стануваат од спиење пред пладне. Не се чувствуваат уморно сѐ до вечерта. Тие се најбудни во 19:00 часот а најпродуктивни во подоцните утрински и вечерни часови.
Најдобар период од денот за:
- Спиење – Полноќ
- Будење – 7:30 часот
- Вежбање – 18:00 часот
- Водење љубов – 10:00 или 22:30 часот
- Учење нови работи – 17:00-24:00 часот
Овие 4 хронотипови многу подобро објаснуваат како функционираат луѓето за разлика од концептот на дневни и ноќни птици. Доколку знаете како функционира вашиот биолошки часовник, многу подобро ќе можете да го искористите вашиот потенцијал и да го извлечете најдоброто од себе. На тој начин ќе станете многу посреќни и позадоволни со самите себе.