Претходно
Дознајте како овој љубовен пар заработува по 9.000 долари за една фотографија на Инстаграм!
Парот не прифаќа помалку од 3.000 долари за една објава
Џек има 26 години и чистел теписи 5 години пред да го напушти Манчестер, неговиот роден град, во 2012 година
Лорен има 23 години и е самоук фотограф од Австралија која се потпишува со прекарот Gypsea Lust
Иако живеат на индонезискиот остров Бали, тие патуваат во нова земја барем еднаш месечно
Сите фотографии ги прават со помош на трајподи и далечински тајмери за да можат да се сликаат заедно
Тие имаат посетено голем број земји и заработуваат доволно од нивните фотографии за да можат да си го дозволат секое патување
Џек исто така има блог по име DoYouTravel каде што ги споделува тајните на неговиот успех
Двојката добива инспирација од Pinterest и други инстрагамџии за нивните извонредни фотографии
„Никогаш не очекував дека ќе најдам некого со кого би можел да го споделам ова. Ова е како сон. Прекрасно е тоа што секој ден можам да го правам она што го сакам“, изјавил Џек за нивниот начин на живот.
По овие фотографии сигурни сме дека вашата секојдневна работа не делува воопшто забавно и возбудливо, но можеби Џек и Лорен ќе ве мотивираат да го послушате срцето и да ги следите вашите соништа.
Доколку не можете да си дозволите патување околу светот со партнерот, зошто да не почнете од градот на љубовта? Прочитајте ги овие 10 идеи за романтично патување во Париз.