Доаѓаат уште неколку нови идеи: Освежете го обичниот сламен шешир со овие 4 лесни проекти
2. Појас со скапоцени камења
Овој шешир е резервиран за девојките кои сакаат да изгледаат луксузно дури и на плажа. Потребни се неколку минути за негова изработка, а ефектот е прекрасен.
Потребни материјали:
- Обичен шешир
- Лента
- Камен, бисер или украс
- Затворач
- Конец
- Игла
- Ножици
Начин на изработка:
Најпрво, доколку не сте задоволни со старата лента на вашиот шешир, отстранете ја и изберете нова во вашата омилена боја. Доколку ви се допаѓа прескокнете го овој чекор, а доколку воопшто нема, тогаш земете нова лента, секако, во боја по ваш избор.
Потоа, измерете со колкава должина треба да биде вашата лента, односно измерете го горниот дел од шеширот. Доколку имате, зашијте затворач на краевите на лентата, а доколку немате, откако ќе ја украсите зашивајќи го каменот на средина, залепете ја лентата директно на шеширот.
Доколку сакате да добиете погламурозен ефект, тогаш зашијте камења со различна должина и големина на целата лента. Изборот е ваш!
Преминете на следниот проект на третата страница.