Девојче со ампутирана нога станува модел 20 години подоцна - Part 2

Девојче со ампутирана нога станува модел 20 години подоцна

Ногата на Теса била ампутирана на 29-ти септември, 2000-та година.

Девојче со ампутирана нога станува модел 20 години подоцна

„Имав систем со морфиум што го користев секогаш кога чувствував болка. Родителите доаѓаа, ме бакнуваа и ме прегрнуваа. Татко ми се сеќавал на нешто што сум го кажала: ‘Тато, го направив тоа.’“

Девојче со ампутирана нога станува модел 20 години подоцна

„2001-ва беше нова година за мене. Се фокусирав да станам посилна додека истовремено учев како да одам со протеза. Мојата прва протеза не се виткаше кај коленото, но беше дизајнирана за да добијам сила и подвижност. Имав многу гнев и фрустрација, но не се откажав ниту еднаш.“

Девојче со ампутирана нога станува модел 20 години подоцна

„Училиштето беше тешко. Се чувствував поразлично од сите. Мислев дека нема да бидам прифатена и нема да имам пријатели. Толку разбирав бидејќи бев многу млада. Но најтешко ми беше да ја прифатам протезата во тинејџерските години.“

Девојче со ампутирана нога станува модел 20 години подоцна

„Ми беа потребни речиси 20 години да ја прифатам мојата протеза. Има денови кога не сакам да ја носам или кога ми предизвикува болка. Но сфатив дека не можам да го живеам животот мразејќи нешто што не можам да го променам. Протезата е дел од мене. Ми дава можност да одам и да го искусам животот со децата и партнерот.“

Девојче со ампутирана нога станува модел 20 години подоцна

„Го сакам тоа што на речиси 30 години се чувствувам поубаво и посекси од кога било. Не можам да верувам дека дозволував толку многу нешта да ми влијаат. Ракот е лош и понекогаш не е идеално што имам само една нога, но добив втора шанса за живот.“

Девојче со ампутирана нога станува модел 20 години подоцна

„Ако можам да ѝ помогнам само на една личност на Земјата, тогаш мојата цел овде вреди. Речиси 20 години подоцна, можам гордо да му кажам на 11-годишното девојче: ‘Ти благодарам што не се откажа.’“

Прочитајте ги и овие прекрасни вистински приказни што ќе ве допрат во срцето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар