Дали светата геометрија е клучна за просветлувањето? - Part 2

Дали светата геометрија е клучна за просветлувањето?

Златниот сооднос

Дали светата геометрија е клучна за просветлувањето?

Познат и како Фи или Златниот пресек, Златниот сооднос бил почитуван како математички закон или претставување на убавината од страна на Грците. Ова е нумеричка репрезентација на бескрајноста и недостижната приближност. Од овде потекнува можноста за постоење на еден трансцендентен број. Од Златниот правоаголник доаѓа спиралата Фибоначи што можете да ја забележите кај цветови, полжави, шишарки и други делови од природата. Златниот правоаголник и спиралата Фибоначи се употребуваат за создавање музички инструменти како виолончело и виолина, а тоновите на музичките скали се создадени со истите математички формули. Овие формули се користени во дизајнот и архитектурата барем 4.000 години и можете да ги забележите во историските градби, како грчкиот Партенон.

Цветот на животот

Дали светата геометрија е клучна за просветлувањето?

Уште еден моќен симбол кој датира пред околу 6.000 до 10.000 години е Цветот на животот. Овој симбол е направен од еднакво оддалечени преклопени кругови кои изгледаат како цвет. Можете да го најдете во Египет во Храмот на Озирис, Забранетиот град во Кина, синагогите во Израел, храмовите во Индија, Турција, Јапонија и на многу други места. Леонардо да Винчи поминал многу време „играјќи“ си со оваа форма и ја користел нејзината математичка пропорција во неговите дела. Со самото гледање во симболот или обидот да ги изброите круговите, вашиот ум ќе се фасцинира.

Во Цветот се наоѓа Семето

Дали светата геометрија е клучна за просветлувањето?

Семето на животот е симбол којшто се наоѓа во Цветот на животот, како и многу други симболи со големо значење. Овие форми наречени полигони се дефинирани со страни со иста должина. Овде спаѓаат коцка, тетраедар, додекаедар, икосаедар, октаедар, и тие ги претставуваат 5-те платонски тела. Тие се видливи во цветот на животот кога ќе повлечете прави линии со кои го поврзувате центарот и разните кругови во цветот. Бидејќи многумина веруваат дека кривите линии ја претставуваат женственоста, а аглите и правите линии мажественоста, овој симбол ја прикажува божествената рамнотежа помеѓу двете.

Духовноста и светата геометрија

Дали светата геометрија е клучна за просветлувањето?

Преку светата геометрија се пренесуваат повисоки фреквенции на енергијата и свесноста. Светата геометрија открива дека постојат математички или апстрактни шеми под сè што гледаме во физичкиот свет. Па како ова може да се поврзе со нашето лично патување и науката и духовноста? Нашите внатрешни верувања создаваат шеми кои полека излегуваат од нас и се манифестираат во реални искуства. Односно, невидливото станува видливо. Светата геометрија е визуализација и метафора за поврзаноста во целиот живот, врската помеѓу апстрактното и реалноста. Кога ги менуваме математичките форми, односно врските, ја менуваме и физичката форма. Токму ова е учењето на многу мистици.

Менувањето помеѓу асиметрија и симетрија е процес на растење и еволуција. Луѓето постојано се движат низ ова менување. Па, обидете се да ги набљудувате овие шеми со цел да ја зајакнете вашата поврзаност со симетријата и рамнотежата. Можете и да се обидете да ги нацртате. Постои причина зошто духовните традиции ги користат овие математички шеми со векови, па можеби кога ќе ги внесете во вашиот живот ќе уживате во посреќен живот со рамнотежа.

Дознајте и коа е важноста на духовноста во животот на човекот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар