Дали би го посетиле барот инспириран од ТВ серијата „Игра на тронови“?
Ако сте обожаватели на вино, има пијалак и за вас
Можете да го порачате „Деликатесот на џуџето“, мешавина од два вида вино. Ако пак сакате текила, има пијалак од текила и тоник наречен „Срам“, најверојатно посветен на Серсеи.
За подекоративен пијалак, порачајте си „Дракарис“
Ова е пијалак со шери и сол, а ви го служат со мал змеј од страната на чашата.
Барот нуди и храна
Но, не очекувајте гозба. Тимот сметал дека ако вклучат и сервис за храна во услугата, многу ќе ги забават работите. Тие се одлучиле да нудат грицки како бадеми и семки.
Ќе ја слушате музиката од серијата
Ова е само доказ за посветеноста на тимот за овој бар.
И вработените и гостите ќе бидат облечени како ликови од серијата
„Вработените најчесто носат некој оклоп, или пак се облечени како Калиси. Слично и со гостите, за да го доживеат барот како што треба најдобро е да бидат облечени соодветно.“
Единственото нешто што недостига е емитување на епизодите
Можеби и вака е подобро бидејќи барот е постојано полн, па речиси е невозможно да гледате ТВ серија во целата таа гужва.
Долго очекуваната седма сезона почнува со емитување на 16-ти јули
Овој посебен бар ќе биде отворен до крајот на седмата сезона, кој е закажан за 27-ми август.
Барот е лоциран на 7-ма улица во северозападниот дел
Користете го јавниот превоз да стигнете до таму. Доколку отидете со автомобил, речиси сигурно нема да најдете место за паркирање.
Но, не планирајте да го посетувате во недела навечер!
Барот затвара во 7 навечер, секоја недела, за гостите да може да одат дома и да ја изгледаат новата епизода.
Погледнете го и овој интересен рок бар кој ве носи на патување околу светот.