Цинични цитати од Семјуел Бекет за смислата на човечкото постоење
Сигурно го паметите името на овој голем писател благодарение на култната трагикомедија „Чекајќи го Годо“. Семјуел Бекет е еден од најзначајните претставници на модернистичкото движење во книжевниот свет познато како „театар на апсурдот“. Овој драматург е препознатлив по тоа што верувал дека апсурдот владее со светот и дека самото човечко постоење е апсурдно. Доколку сакате подобро да се запознаете со неговиот начин на размислување, прочитајте ги неговите најпопуларни цинични цитати за смислата на животот…
„Задачата на уметникот е да најде форма што ќе го смести нередот.“
„Секој збор е како непотребна дамка на тишината и небиднината.“
„Сите ние сме родени луди. Некои остануваат такви.“
„Навиката е најголемиот усмртувач.“
„Каде сум, не знам. Никогаш нема да знам. Во тишината не може да се знае. Мора да се продолжи понатаму. Не можам да продолжам понатаму. Ќе продолжам понатаму.“
„Ако не ме сакаш, нема да бидам сакан. Ако не те сакам, нема да сакам.“
„Вие сте на Земјата. Нема лек за тоа.“
„Солзите во светот се постојани. Секогаш кога некој ќе почне да плаче, некој друг некаде престанува да плаче. Истото важи и за смеењето.“
„Зборовите се сѐ што имаме.“
„Ништо не е посмешно од тагата, ви го гарантирам тоа. Да, да, тоа е најкомичното нешто на светот.“
„Поетите се чувството, а филозофите се интелигенцијата на човештвото.“
„Кога би требало да го искористам моето тело, би го фрлил низ прозорецот.“
„Дали мислиме на љубов кога велиме љубов?“
„Не се каам за ништо. Единственото нешто за што се каам е тоа што сум се родил. Умирањето е многу здодевна и напорна работа.“
„Некогаш се обидуваш. Некогаш паѓаш. Не е важно. Обиди се повторно. Падни повторно. Падни подобро.“
Прочитајте го и ова преубаво кратко писмо со сочувство напишано од Семјуел Бекет.