Чудни методи против стареење и начини на постигнување бесмртност од минатото - Part 2

Чудни методи против стареење и начини на постигнување бесмртност од минатото

6. Дајен де Поитиер

(6)chidni-metodi-protiv-stareenje-od-minatoto-kafepauza.mk

Позната како љубовницата на Кралот Хенри Втори, Дајен која била 20 години постара од него, изгледала многу младо за годините. Се верувало дека таа го постигнувала овој изглед пиејќи златен хлорид измешан со диетил етер. Овие состојки, се разбира, се отровни за луѓето. Многу години подоцна, кога нејзиното тело било истражувано, се открило дека нејзината коса била во совршена состојба и дека сè уште имала мека и светла кожа, како резултат на труење од злато.

7. Трансфузија на крв од животно

(7)chidni-metodi-protiv-stareenje-od-minatoto-kafepauza.mk

Во текот на 17-тиот век, Жан Батист Денис, лекарот на Кралот Луј 14-ти, ја извел првата трансфузија на крв. 15-годишното момче кое ја примило трансфузијата, примило крв од овца. За чудо, момчето најверојатно преживеало.

8. Кристофер Хуфеланд

(8)chidni-metodi-protiv-stareenje-od-minatoto-kafepauza.mk

Овој лекар имал неколку методи за одржување на младоста, па дури и напишал книга за тоа. Неговиот најинтересен метод е спиење до млада девојка, но без сексуална намера. Тој исто така верувал дека апстиненцијата играла голема улога во одржувањето на младешкиот изглед.

9. Чарлс Едвард Браун

(9)chidni-metodi-protiv-stareenje-od-minatoto-kafepauza.mk

Во 19-тиот век, многу луѓе почнале да веруваат дека тестисите на животните имаат моќ да ги одржат млади. Чарлс решил да го проба овој метод. Тој си инјектирал две дози мешавина од сперма, вени и крв од тестиси. Тој тврдел дека почувствувал зголемување на неговите сила и енергија.

10. Доктор Јуџин Стенч

(10)chidni-metodi-protiv-stareenje-od-minatoto-kafepauza.mk

Стенч станал пионер во делумната вазектомија, метод за подмладување на старите мажи. Во процедурата тој ги подврзувал семеводите и верувал дека со ова ги намалува хормоните кои го предизвикуваат стареењето.

11. Модерни методи

Иако поминале неколку векови од почетокот на истражувањата за техники против стареење, овој процес сè уште трае. Најновиот хит во Холивуд е вампирскиот третман. Оваа метода вклучува боцкање на лицето со игли за акупунктура кои се полни со крвта на „пациентот“ и е користена и од дерматолози и од лекари. Се верува дека со ова се стимулира колагенот во лицето.

Погледнете ги и овие еликсири за младост кои ќе ве воодушеват.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар