Бојата на ѕидовите влијае на должината на сонот

Бојата на ѕидовите влијае на должината на сонот

Доколку сакате добро да се наспиете, тогаш најдобро е ѕидовите во вашата спална да ги бојадисате во сина боја.

Бојата на ѕидовите влијае на должината на сонот

Оние чии ѕидови на спалната соба им се бојадисани во сина боја во просек спијат осум часа на ден и се будат позитивни и среќни, бидејќи според најновото истражување, сината боја се поврзува со мирните чувства, а се верува и дека ја забавува работата на срцето и го смалува притисокот.

Бојата на ѕидовите влијае на должината на сонот

Зелената и жолтата, исто така се добри бои, бидејќи со нив ќе спиете во просек 7 часа и 40 минути за време на ноќта. Најлоша боја за спална соба е виолетовата, бидејќи е премногу стимулативна и премногу ги намалува просечните преспиени часови. Што се однесува до сивата и кафената, научниците се сложиле дека овие бои се премногу досадни и депресивни.

Бојата на ѕидовите влијае на должината на сонот

За време на истражувањето, научниците посетиле 2.000 куќи за да утврдат какво влијание имаат боите на спиењето. Крис Иџиковски, експертот за соништа од Единбург, вели дека во мрежницата на окото, постојат посебни келии кои се нарекуваат ганглии, кои се најосетливи на сина боја.

Овие рецептори го хранат со информации делот кој се наоѓа многу длабоко во мозокот и кој го контролира 24-часовниот ритам на организмот. Овој дел од мозокот влијае на тоа како функционираме во текот на денот и како спиеме во текот на ноќта.

Бојата на ѕидовите влијае на должината на сонот

Истражувањето утврдило дека луѓето кои спијат во виолетови соби, спијат најмалку бидејќи виолетовата боја ментално стимулира и поради неа многу е тешко да се „исклучиме“ од дневните грижи и обврски. Погледнете во каква спална се спие најмногу:

Сина

7 часа и 52 минути

Жолта

7 часа и 40 минути

Зелена

7 часа и 36 минути

Сребрена

7 часа и 33 минути

Портокалова

7 часа и 28 минути

Црвена

6 часа и 58 минути

Златна

6 часа и 43 минути

Сива

6 часа и 12 минути

Кафена

6 часа и 5 минути

Виолетова

5 часа и 56 минути

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар