Боите на месечината

Боите на месечината

Автор: Моника Трајковска

Сте се запрашале ни некогаш зошто кога изгрева месечината има различна боја, наспроти кога е високо на небото? Овој ефект најчесто е предизвикан од атмосферата на Земјата и патот на месечината околу ноќното небо. Еве неколку феномени поврзани со боите на месечината.

Црвена месечина

Кога изгрева месечината често е со црвена боја. Кога е поблиску до хоризонтот, светлината од месечината мора да помине низ поголем дел од атмосферата, отколку кога е директно над нас. Додека пристигне светлината до нашите очи, молекулите на воздухот веќе ги имаат растурено сините, зелените и виолетовите парчиња од видливата светлина и поради тоа остануваат само нијансите на црвената боја. Добар пример за црвена месечина е и кога Земјата ќе застане помеѓу неа и Сонцето. Бидејќи нема директно осветлување, таа на неколку минути добива специфична црвена боја.Боите на месечинатаБоите на месечината

Портокалова месечина

За време на есента, месечината честопати има специфична големина и боја. Поради тоа е наречена „месечина на жетвата“. Скоро цел месец при изгревање е со портокалова боја и потоа така останува подолго време. Овој феномен се објаснува со многуте честички од прашина во воздухот кои се појавуваат за време на првиот период од есента. Тие ја искривуваат светлината на месечината и затоа нам ни изгледа малку поразлично.Боите на месечинатаБоите на месечината

Темно жолта месечина

Месечината може да има темно жолта боја, во кое било време од годината и во која било положба на небото. Неколку минути по изгревањето, додека сè уште е ниско на небото таа скоро секогаш преминува од портокалова во темно жолта. Но, кога има премногу прашина, чад или друг вид загадување во атмосферата, таа може да остане во оваа боја додека го поминува целиот свој пат околу небото.Боите на месечинатаБоите на месечината

Сина месечина

Ефектот на сина месечина е многу редок. Најчесто во оваа боја е забележувана после големи пожари, кога има премногу чад во атмосферата. Или пак за време на активни вулкани кои на сличен начин влијаат врз воздухот. Боите на месечинатаБоите на месечината

Сива месечина

Кога ја гледаме месечината надвор од атмосферата таа има сива боја. Тоа понекогаш може да се забележи и од Земјата за време на многу ведра ноќ, ако сме подалеку од светлината на градовите и без никакво влијание на загаденоста и прашината.Боите на месечинатаБоите на месечината


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар