Бакјовити дестинации за луѓето кои сакаат да избегаат од градскиот метеж - Part 2

Бакјовити дестинации за луѓето кои сакаат да избегаат од градскиот метеж

6. Парианган, Индонезија

Бакјовити дестинации за луѓето кои сакаат да избегаат од градскиот метеж

Активниот вулкан Мерапи и кулите над селото се едни од најголемите природни богатства на државата. Се смета дека Парианган е најстарото село на народот Минанкабау. Токму поради ова, тука можете да научите многу за културата и обичаите на овој народ. Овде има неверојатни традиционални куќи, помеѓу кои и градба стара 300 години, како и прекрасна џамија од 19-тиот век.

7. Рибарското село Куа Ван, Виетнам

Бакјовити дестинации за луѓето кои сакаат да избегаат од градскиот метеж

Живописното рибарско село е лоцирано во заливот Халонг. Ова пловечко село е едно од најголемите во светот. До него се стигнува само со чамец. Бидејќи во селото живеат само рибари, често добиваат добра од Јужнокинеското море. Сите луѓе живеат на прекрасни куќи на сплавови, а имаат и училиште.

8. Бибери, Англија

Бакјовити дестинации за луѓето кои сакаат да избегаат од градскиот метеж

Ова село е познато помеѓу луѓето кои бараат инспирација поради неговата неверојатна убавина. Селото е основано пред речиси 1.000 години, и навистина ќе се чувствувате како во 11-тиот век благодарение на архитектурата, природата и недостатокот од возила.

9. Рејне, Норвешка

Бакјовити дестинации за луѓето кои сакаат да избегаат од градскиот метеж

Рејне е рибарско село со надреални пејзажи, удобни куќи и население од само 350 луѓе. Селото е лоцирано под планините околу фјордот од 1743-та година. Селото кое е како од разгледница секоја година има илјадници туристи кои ѝ се восхитуваат на неговата убавина.

10. Сан Џимињано, Тоскана, Италија

Бакјовити дестинации за луѓето кои сакаат да избегаат од градскиот метеж

Сан Џимињано е основано во 3-тиот век п.н.е. од Етрурците. На почетокот било многу мало село, но станало град во 10-тиот век. Најинтересната одлика се куќите кули. За жал, денес постојат само 14 вакви куќи. На почетокот имало 72. Сан Џимињано го има духот на Средниот век, а ова го прави срцето на Италија и Тоскана.

Доколку сакате уште, погледнете некои од најубавите села во Шпанија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар