Ако сакате да патувате, тогаш мора да ги посетите овие места - Part 2

Ако сакате да патувате, тогаш мора да ги посетите овие места

Амстердам, Холандија

Ако сакате да патувате, тогаш мора да ги посетите овие места

Многумина се одлучуваат да го посетат Амстердам за да го искусат начинот на живот кој овде не е дозволен, но треба да се спомне дека, иако понекогаш поради големиот број на посетители може да биде малку нечист, сепак станува збор за еден од еколошки најсвесните градови чие население насекаде се движи со велосипеди, наместо со автомобили.

Венеција, Италија

Ако сакате да патувате, тогаш мора да ги посетите овие места

Познато е дека Италија вреди да се прошета цела, бидејќи покрај Венеција, тука се и Рим, Верона, Милано, Фиренца и уште многу други места кои воодушевуваат со својата мистичност. Венеција е град кој е скоро целосно ослободен од моторниот сообраќај, а возењето со гондола долж познатите тесни канали е нешто што треба да се доживее за да се опише.

Барселона, Шпанија

Ако сакате да патувате, тогаш мора да ги посетите овие места

Барселона се вбројува во првите 5 најдобри дестинации на листите за љубителите на трансконтиненталните и светските патувања. Градот изобилува со одлична архитектура, посебно градбите кои ги дизајнирал Антонио Гауди, но и прекрасни песочни плажи на кои можете да шетате или да се излежувате цел ден и да уживате во освежувачкиот мирис на морето.

Прага, Чешка

Ако сакате да патувате, тогаш мора да ги посетите овие места

Главниот и најголем град на Чешка ќе ве воодушеви со својот „старски“ и старомоден дух. Ова е еден од најпосетените градови во Европа и се наоѓа под заштита на УНЕСКО. Прага е позната и како „златниот град“ поради бројните мостови, катедрали и златни кули.

Будимпешта, Унгарија

Ако сакате да патувате, тогаш мора да ги посетите овие места

Будимпешта се смета за кралицата на Дунав. Најпозната е по своите прекрасни мостови и специфичната градска архитектура која датира од периодот на античкиот Рим. Покрај тоа, современите градби воодушевуваат и меѓу нив се издвојува Палатата на уметноста.

Се разбира, тука не е крајот. Постојат уште толку неверојатни дестинации низ светот кои само чекаат да бидат откриени и истражени, па спакувајте ги куферите, обезбедете ги сите потребни средства и доколку сте во можност тргнете на една незаборавна патувачка авантура бидејќи вие тоа и го заслужувате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

  1. Ljupcho Reply

    Italija, Italija, i samo Italija, e moeto mesto od sonistata, za zal be sum bil, samo od tv sto sum gledal. Na drugite spomnati mesta tuka, ne bi odel ni bez pari da e, Hrvatska moze sum bil 3 pati na letuvanje, pivtorno bi otisol, ako imam moznost.

Остави коментар