Агенциите за патување откриваат: Во кои држави се исплати услугата „ол инклузив“, а во кои не?
5. Грција
Храна: Повеќето хотели во Грција сами ги одгледуваат зеленчуците што ги употребуваат. Поради ова посетителите ќе ја пробаат најдобрата традиционална грчка кујна со најсвежи продукти. Бифето не е секогаш достапно и обично нуди 3-4 избори за секој оброк. Гостите на елитните хотели можат да имаат и бесплатна вечера во некој локален ресторан.
Други удобности: Многу хотели имаат жива музика и забавни шоуа во текот на викендите. Исто така хотелите често нудат бесплатен трансфер од и до аеродромот.
Што недостасува: Сите други опции ќе ве чинат пари. Масажа, лежалка на плажа, дополнителниот детски кревет во собата…
Дали да закажете: Не. Најдобро е да се движите низ државата без да бидете во хотел. Постојат многу нешта што вредат да се видат на улиците и има многу евтини кафетерии со вкусна храна. Хотелот ќе ви биде потребен само за спиење и појадок.
6. Бугарија
Храна: Квалитетот на храната во бугарските хотели е навистина различна и не секогаш најдобра опција. Обично има 3 оброци во текот на денот, бесплатен бар на плажата или кај базенот и бесплатен локален алкохол.
Други удобности: Забава за децата и лежалки ако сте лоцирани на брегот. Понекогаш „ол инклузив“ вклучува и хемиско чистење, електронски сеф и телефонска врска со државата на гостите.
Што недостасува: Бугарскиот „ол инклузив“ пакет обично не нуди ништо дополнително.
Дали да закажете: Не. Бугарија е држава во којашто туристите можат да се движат слободно надвор од хотелите, за разлика од Египет. Постојат многу улични кафетерии и ресторани со добра и евтина храна.
7. Тунис
Храна: 3 до 4 оброци на ден каде што често има интересен избор на храна. Алкохолот се плаќа. Има и ресторани околу хотелите кои не се вклучени во „ол инклузив“ пакетот.
Други удобности: Има многу забавни активности за деца, вечерни настани и воден аеробик за возрасни. Лежалките се бесплатни.
Што недостасува: Разните активности на отворено се доплаќаат.
Дали да закажете: Да, бидејќи може да биде тешко да организирате одмор во Тунис без „ол инклузив“. Локалните ресторани се поскапи и нудат помалку можности за забава.
8. Израел
Храна: 3 оброци дневно кои се навистина едноставни. Можете со вас да понесете чај и слично бидејќи од пијалаци има само сок, алкохол и пиво.
Други удобности: Забавни активности за деца. За возрасни има дискотеки, жива музика и бесплатни лежалки ако му припаѓаат на хотелот.
Што недостасува: Нема доволно забава за возрасните и нема доволно лежалки на плажата.
Дали да закажете: Израел е држава во којашто можете да најдете евтин и удобен смештај без „ол инклузив“ опција. Одберете го овој пакет само ако сте со деца и ако ви се потребни детски активности.
9. Кипар
Храна: 3 оброци дневно, ужини, сладолед и алкохол. Храната е вкусна и квалитетна, но нема да ја пробате традиционалната.
Други удобности: Забава во хотелот, бесплатни лежалки на базенот и теретана.
Што недостасува: „Ол инклузив“ пакетот не ги покрива пијалаците во мини барот или услуги како перална и електронски сеф. Покрај тоа лежалките секогаш се плаќаат.
Дали да закажете: Не. „Ол инклузив“ системот се појави во Кипар неодамна бидејќи претходно локалните власти го забраниле поради негативниот ефект на рестораните и кафетериите. Многу хотели нудат бројни опции без оваа услуга. Покрај тоа има голем избор на храна надвор од хотелот, евтино е и безбедно.
Погледнете ги и овие совети за поевтино патување низ светот.