9 знаци дека сте вистински интроверт
Интровертите не се баш популарни личности и честопати се стигматизирани. Нашата култура пропишува дека, барем површно, човек треба постојано да биде комуникативен, отворен и секогаш спремен да ги искаже своите чувства и ставови, па затоа околината често ги доживува интровертите како луѓе кои не сакаат да се социјализираат и кои не ги сакаат луѓето околу себе. Тоа воопшто не е точно. Тие само се повеќе свртени кон својот внатрешен свет, но истовремено се топли личности кои се заинтересирани за другите. Ако ги поседувате следните девет карактеристики тогаш и вие спаѓате во таа група, но тоа воопшто не треба да ве загрижува.
Уживате и сами да го поминувате времето
Убаво ви е кога слободното време ќе го поминете во читање книги, играње видеоигри или само слушање музика. Сакате да поминете некое време сами, оддалечени од другите и тоа е важно за вашиот мир.
Најдобро размислувате кога сте сами
Ако треба да го искористите сиот ваш интелектуален капацитет за да дојдете до решение на одреден проблем, вам ви е потребно тоа да го сторите сами. Можете без проблем да работите со други луѓе, но подобри сте кога сами се посветувате на задачата.
Можете да бидете одличен лидер на група од мотивирани луѓе
Наспроти раширениот лош углед на лидери кои им го доделува стигмата, интровертите можат да бидат извонредни лидери кога групата која ја водат е веќе мотивирана. Кога, пак, треба на своите подредени да им дадат причина да работат понапорно, тогаш може да потфрлат.
Вие сте последниот од групата кој ќе истапи
Екстровертните луѓе се повеќе склони да истапат кога некој бара нешто од одредена група. На пример, во училиште има деца кои веднаш доброволно се пријавуваат да сторат нешто што ќе побара наставникот, а има други кои се задоволни со тоа да си седат мирно и им ја препуштаат на другите можноста да бидат во центарот на вниманието. Вторите се обично интроверти.
Луѓето ве прашуваат за мислење
Затоа што вашето мислење најчесто го чувате за себе и затоа што веројатно другите го ценат вашето мислење, тие често ќе ве прашуваат за тоа.
Носите слушалки на јавни места
Порано интровертите имале потреба да го насочат погледот кон земјата со цел да го избегнат контактот со другите. Денес можете да ставите слушалки додека сте во автобус или на улица и да ги искористите како штит во моментите кога не ви е потребна комуникација со никого.
Избегнувате гневни и вознемирени луѓе
Психолошките истражувања покажуваат дека интровертните личности ги избегнуваат вознемирените луѓе кои покажуваат негативни емоции. Психолозите веруваат дека тоа се случува поради тоа што се плашите од евентуалното негативно мислење кое другите може да го имаат за вас. Ако мислите дека некој е лут и тоа има некаква врска со вас, директното гледање во очи од таа личност за вас претставува закана, и затоа сакате да го избегнете.
Другите почесто иницираат комуникација со вас отколку вие со нив
Интровертите обично не се оние кои започнуваат комуникација, било тоа да е во живо, преку СМС или мејл. Тие најчесто се оние кои возвраќаат на пораките.
Не разговарате со продавачи и сл.
Екстровертите секогаш имаат за што да позборуваат со продавачите, со таксистите и со други луѓе со кои имаат само привремен и површен контакт. Вие, доколку сте интровертна личност, не можете да се замислите во таква улога.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.