9 забавни загатки со кои ќе го „раздвижите“ вашиот мозок - Part 2

9 забавни загатки со кои ќе го „раздвижите“ вашиот мозок

5. Како преживеала жената кога нејзиниот зет бил отруен?

9 забавни загатки со кои ќе го „раздвижите“вашиот мозок

Џејн не го сакала нејзиниот зет, но сепак секојдневно му правела јадење. Еден ден направила парче месо за двајцата. Го пресекла на половина и секој од нив изел по едно. Откако зетот го изел месото умрел. Како преживеала Џејн?

  • Одговор

    Ставила отров на едната страна од ножот и му го дала тоа парче.

6. Која врата е најбезбедна?

9 забавни загатки со кои ќе го „раздвижите“вашиот мозок

За да стигнете до вашата дестинација мора да преминете преку една од трите врати. Позади првата се крие убиец, позади втората лав којшто нема јадено 3 години, а позади третата има огромен пожар. Кој избор е најбезбеден?

  • Одговор

    Ако лавот не јадел 3 години, тогаш е мртов.

7. Кој ќе избега од затворската ќелија?

9 забавни загатки со кои ќе го „раздвижите“вашиот мозок

Четири затвореници секој понеделник имале час по цртање. До училницата биле носени со стражари и биле претресувани по крајот на секој час. Сите можеле да го чуваат уметничкиот прибор во нивната ќелија. Кој од нив ќе избега?

  • Одговор

    Затвореникот којшто се наоѓа на горниот лев крај од сликата ќе ја искористи зелената боја за да ја обои неговата облека и да се преправи во стражар.

8. Кој сад ќе се наполни прв?

9 забавни загатки со кои ќе го „раздвижите“вашиот мозок

Чешма со вода тече над 12 садови. Некои од нив имаат една, а некои по две цевки. Кој сад ќе се наполни прв?

  • Одговор

    Садот F ќе се наполни прв. Водата која тече од садот L ќе застане бидејќи цевката на садот H е блокирана.

9. Како ќе ја префрлите водата во чашата без да ја допрете чинијата?

9 забавни загатки со кои ќе го „раздвижите“вашиот мозок

На сликата има чинија полна со вода, а веднаш до неа празна чаша, кутија кибрит и тапа од вино. Како ќе ја префрлите водата во чашата?

  • Одговор

    Ставете ја тапата во средината на чинијата. Ставете кибрит на неа и запалете го, а потоа покријте го со чашата. Кога кибритот ќе изгори, водата ќе почне да се „качува“ во чашата.

Обидете се да ги решите и овие загатки со слики што ќе ви покажат колку ви е развиена логиката.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар