9 вознемирувачки експерименти со деца - Part 2

9 вознемирувачки експерименти со деца

5. Скокоткање без израз на лицето

9 вознемирувачки експерименти со деца

Во 1933-та година психологот Кларенс Леуба одлучил да открие зошто се смееме кога нè скокоткаат. Дали ова е инстинкт или се смееме бидејќи се смее и личноста што нè скокотка? Решил да направи експеримент со неговиот син.

Тој им забранил на сите од семејството да го скокоткаат син му освен на сеансите што ги спроведувал сам. Покрај тоа, ѝ забранил на жена му да се смее кога го допира бебето. За време на сеансите тој носел маска од хартија за да го сокрие изразот на лицето додека го скокотка детето. Но „чистотата“ на експериментот била нарушена бидејќи сопругата му се насмевнала на детето дур го заспивала. По некое време експериментот бил повторен со второто дете на парот.

Заклучок: Психологот сфатил дека децата се смеат дури и кога тоа не е прифатено. Сепак навистина е чудно да му ја одземеш радоста на сопственото дете.

6. Инфицирање со сипаници за вакцина

9 вознемирувачки експерименти со деца

Во 18-тиот век, англискиот доктор Едвард Џенер решил да докаже дека ако личноста се зарази со несмртоносна доза кравји сипаници, по заздравувањето ќе биде имуна на човечките сипаници. За да го докаже ова, тој го заразил неговиот син со кравја сипаница. Откако бебето оздравело, тој ризикувал и го заразил со човечка сипаница. Според неговата теорија, тоа не би требало да се разболи.

Заклучок: За среќа неговите пресметки биле точни. Во спротивно тој ќе беше запомнет како луд убиец наместо изумител на познатата вакцина.

7. Како да направите детето да се плаши од бели работи?

9 вознемирувачки експерименти со деца

Научникот Џон Вотсон сакал да открие како се формираат емоционалните реакции кај децата. За оваа цел тој направил експеримент со неговото 9-месечно бебе Алберт и го научил да се плаши од бели работи.

На почетокот му покажувал бел стаорец. Откако бебето се навикнало на него и почнало да си игра, научниците го плашеле удирајќи го со метална шипка секогаш кога Алберт му се доближувал на стаорецот. Алберт почнал да се плаши не само од стаорецот, туку од сите бели нешта што наликувале на него. Експериментот бил прекинат бидејќи мајката го зела бебето се неа.

Заклучок: Овој трик се користи за тренирање животни, но изгледа работи и кај бебиња. За среќа, повеќе не се дозволени вакви експерименти на деца.

8. Како да го натерате бебето да пелтечи?

9 вознемирувачки експерименти со деца

Друг ужасен експеримент бил спроведен во 1939-та година од страна на Вендел Џонсон и Мери Тудор кои ги проучувале факторите на развојот на говор. Тие собрале 22 деца, ги поделиле во две групи и се обиделе едната група вештачки да ја натераат да пелтечи.

Некои деца постојано биле фалени, додека другите биле понижувани и исмејувани. Тие биле уверувани дека не зборуваат правилно и дека сигурно ќе пелтечат. Наскоро многу деца од групата престанале да разговараат со други луѓе, а некои од нив почнале и да пелтечат. Новинарите го нарекле истражувањето чудовишно.

Заклучок: Навистина е тешко да се каже дека научниците откриле нешто важно и корисно. Ако му викате на вашето дете, веројатно ќе се развие во несигурна личност. Но ако го поддржувате, тоа ќе ги надмине недостатоците што ги има.

9. Павловиот експеримент на деца

9 вознемирувачки експерименти со деца

Тешко е да најдете личност што нема слушаното за рускиот академик Иван Павлов и неговите експерименти на кучиња со кои ги проучувал нивните рефлекси за храна. Постои и споменик што го преставува „кучето на Павлов“, но до него треба да стои и споменик од дете.

Не само што правел експерименти на кучиња, Павлов правел експерименти на деца бездомници на возраст помеѓу 6 и 15 години. Децата се согласувале да учествуваат во експериментот по што биле наградувани со чоколада, брусници и други деликатеси за кои сирачињата можеле само да сонуваат. Експериментите се внимателно опишани во книгата на советскиот психолог и педијатар Николај Красногорски. Експериментите не се разликувале многу од оние на кучињата.

Заклучок: Благодарение на експериментот, Павлов докажал дека нема голема разлика помеѓу рефлексот за храна кај луѓето и кучињата. Научникот сакал да добие втора Нобелова награда за ова откритие, но жирито не го номинирало поради етичките проблеми со експериментот.

Погледнете ги и овие психолошки експерименти кои покажуваат колку лесно се лажат луѓето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар