9 видови забава во коишто љубителите на животни не би требало да бидат вклучени - Part 2

9 видови забава во коишто љубителите на животни не би требало да бидат вклучени

5. Трки со коњи

9 видови забава во коишто љубителите на животни не би требало да бидат вклучени

Еден од најопасните и најсуровите начини да се „дружите“ со коњ се коњските трки. Секој натпревар за брзина е голем стрес за животното. Нивната нежна кожа се оштетува, нозете им се кршат, имаат болки во зглобовите и психолошки се чувствуваат лошо. Имало случаи и каде што коњите умирале сред трка поради истоштеност. Спортската кариера на овие коњи е околу 10-15 години. Потоа, психички и физички повреденото животно се убива и се јаде.

Алтернативно решение: Посетете центар за рехабилитација на коњи

6. Зоолошка што дозволува да ги допирате животните

9 видови забава во коишто љубителите на животни не би требало да бидат вклучени

Овие зоолошки се навистина популарна забава за децата. Родителите сакаат да ги носат нивните малечки на места каде што можат да допрат мачки, лисици, ракуни и слично. Тие веруваат дека ова е одличен начин децата да научат да ја сакаат природата. Но, малкумина се запрашале како „природата“ се чувствува за ова. Овие животни се допирани и галени илјадници пати во текот на денот. Покрај тоа, животните сигурно не сакаат да живеат во простор без светлина и свеж воздух. Единствената причина за постоење на овие зоолошки е заработката.

Алтернативно решение: Работете како волонтер во засолниште за животни

7. Шоуа со крокодили и алигатори

9 видови забава во коишто љубителите на животни не би требало да бидат вклучени

Крокодилите кои изведуваат пред луѓе најчесто ги чуваат на фарми во мали соби, кои се полни со други рептили. Животните ги пуштаат само за време на претставата. Луѓето кои изведуваат со крокодилите знаат многу трикови, како ставање на раката во устата на животното, па понекогаш гледачите сведочат и на несреќи.

Алтернативно решение: Одете на сафари во природно живеалиште на крокодили

8. Фотографии со егзотични животни

9 видови забава во коишто љубителите на животни не би требало да бидат вклучени

Фотографиите со мајмуни или папагали се популарни на места каде што има многу туристи. Многу луѓе едноставно не можат да одолеат на фотографија со овие шармантни животни. Па, на овој начин го поддржуваат овој суров бизнис. Овие животни се направени безбедни за клиентите – им се отстрануваат забите и канџите и им се даваат средства за смирување. На крајот на сезоната, повеќето мајмуни, папагали и други животни се убивани, бидејќи е поскапо да се одгледуваат кога нема туристи.

Алтернативно решение: Фотографирајте се со животни во нивното природно живеалиште

9. Јавање коњи

9 видови забава во коишто љубителите на животни не би требало да бидат вклучени

Јавањето коњи може да биде пријатно искуство и за јавачот, и за коњот. За ова потребно е да има посебна врска помеѓу нив, која е заснована на доверба и грижа. Невозможно е да ја воспоставите оваа поврзаност кога само го користите коњот. Организациите кои нудат јавање коњи најчесто сакаат само да заработат што е можно повеќе пари. Па често им ги даваат коњите на аматери или премногу дебели јавачи, кои лесно можат да го повредат животното. Понекогаш се користат евтини коњи од касапи, кои потоа им се враќаат за да бидат убиени.

Алтернативно решение: Одете на професионални часови за јавање коњи

Се разбира, не е лесно да престанете да посетувате место каде што обично имате позитивни емоции. Секој пат кога одите на вакво место, сакате да верувате дека животните не страдаат. Но, ова е лага и животните можат да имаат добар живот само кога можат да се однесуваат како животни. Тие не се артисти, не се за да нè забавуваат и не се овде за да се фотографираме со нив.

Знаевте ли дека животните стануваат ноќни за да избегнат контакт со луѓето?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар