9-те најинспиративни видеа на Јутјуб - Part 2

9-те најинспиративни видеа на Јутјуб

5. „Докажете им дека грешат“ (Prove Them Wrong)

Знаете дека кога некој ќе ви каже дека не можете да направите нешто е можеби најголемиот мотиватор што можете да го слушнете. Но гневот и поттикот што ги чувствувате ќе избледат, па повторно ќе се најдете неинспирирани и немотивирани. Запомнете кој ви кажал дека не сте доволно добри, дека не можете да направите нешто или дека не можете да стигнете некаде. Запомнете како сте се чувствувале и не заборавајте дека сте доволно добри. Искористете ја таа енергија како инспирација за делување и направете го она што другите сметаат дека не можете.

6. „Како да го промените начинот на којшто се гледате себеси“ (How to Change the Way You See Yourself)

Приказната на Рок Томас за катастрофата и триумфот можеби и ќе ве расплаче. Нашиот најголем непријател е нашиот ум, а нашиот најголем предизвик е да ја надминеме приказната што си ја кажуваме. На Рок ова му било добро познато и тој раскажува како требало да го надмине негативното зборување со себе кое се развило поради конфликтите со неговиот татко. Со текот на времето тој станал успешен мотивационен говорник.

7. „Зошто паѓаме“ (Why Do We Fall)

Ова е второто видео од Матеусз М на листава и раскажува за болката што ја чувствуваме во животот. Понекогаш болката е неизбежна. Понекогаш не успеваме и покрај целиот напор. Но, можеме да се издигнеме од овие неуспеси и да ја сфатиме силата што постои во секој од нас.

8. „Држете се до вашите соништа“ (Stick to Your Dreams)

Овој говор од Лес Браун има моќ да ве инспирира да продолжите, без разлика низ што минувате. Важно е да сфатите дека соништата бараат да продолжите и покрај катастрофите. Лес Браун го знае ова бидејќи во еден период морал да спие под бирото во неговата канцеларија. Тој ќе ве потсети што навистина е потребно за да го остварите вашиот сон.

9. „Еве како да ја најдете вашата супермоќ“ (Тhis is How You Find Your Superpower)

Приказната на Џим Квик е срцепарателна, но она што Џим го направил од неговиот хендикеп ги надминува претходните предизвици. Одвреме-навреме секој се чувствува како да не е доволно добар. Но што да правите ако имате нарушување што не ви овозможува да учите? Како да надминете навидум непремостлив предизвик? Џим го направил ова и ќе направи да се чувствувате како вашите изговори да се смешни.

Прочитајте ги и овие моќни цитати што ќе ви ја вратат вербата во себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар