9 тајни кои ниту еден магионичар нема да ви ги открие - Part 2

9 тајни кои ниту еден магионичар нема да ви ги открие

5. Магично столче

(5)9-tajni-koi-nitu-eden-magionichar-nema-da-vi-gi-otkrie-kafepauza.mk

Трик: Илузионистот седи на столче. Потоа асистентот го отстранува столчето, но магионичарот сепак останува неподвижен, и „седи“ во воздухот.

Тајна: Постои невидлива потпора на која седнува магионичарот. Ако го закачи својот чевел на потпората, неговата нога нема да се мрдне. Формата на столчето е рамка која е прикачена на истата нога.

6. Ослободување од лудачка кошула

(6)9-tajni-koi-nitu-eden-magionichar-nema-da-vi-gi-otkrie-kafepauza.mk

Трик: Илузионистот ја облекува кошулата, а ракавите му ги врзуваат на грбот. Целата сцена е покриена со екран. По неколку минути магионичарот се ослободил од лудачка кошула. Во некои верзии магионичарот виси наопаку или пак е „разнесен“.

Тајна: Кога ракавите се врзуваат, магионичарот ги става рацете околу градите и зема длабок воздух. Кога ќе се издише, има место во кошулата за да ги движи своите раце. Худини еднаш морал да си го измести рамото за да го изведе овој трик.

7. Фаќање куршум со заби

(7)9-tajni-koi-nitu-eden-magionichar-nema-da-vi-gi-otkrie-kafepauza.mk

Трик: Илузионистот е застрелан со пиштол, но го фаќа куршумот со забите.

Тајна: Овие куршуми се направени од восок. Веднаш по истрелот тие се топат. Истовремено, магионичарот го покажува вистинскиот куршум кој е претходно скриен во неговата уста.

8. Бодење на шипка

(8)9-tajni-koi-nitu-eden-magionichar-nema-da-vi-gi-otkrie-kafepauza.mk

Трик: Илузионистот легнува на остра шипка, и целата публика сведочи на прободувањето.

Тајна: Крајот на шипката се мрда, и се крие кога стигнува до посебна дупка во грбот на магионичарот. Постои уште еден посебен механизам на стомакот од кој излегува врвот на шипката. Исто така има и рамка која го држи магионичарот во воздух.

9. Цик-цак дама

(9)9-tajni-koi-nitu-eden-magionichar-nema-da-vi-gi-otkrie-kafepauza.mk

Трик: Ова е друга верзија на познатото сечење на дамата на половина. Во оваа илузија магионичарот ја поделува својата асистентка на 3 дела без воопшто да ја повреди.

Тајна: Овој неверојатен трик користи неколку кутии со висина од 35 центиметри и платформа со висина од 20 центиметри. Кога жената ќе влезе во кутијата, таа стои на дупка. Магионичарот ја затвора кутијата, дупката се отвора, а асистентката седнува доле, во подвижната платформа. Кога магионичарот повторна ја отвора кутијата, публиката гледа измешана верзија од телото на асистентката. Се разбира, ова се само кукли кои се сместени во лажни отвори.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар