9 суптилни знаци дека некој ве лаже
Ние често пропуштаме дел од суптилните невербални знаци кои укажуваат на фактот дека некој се обидува да нè излаже. Доколку сакате да бидете повеќе подготвени на оваа тема, погледнете ги наредниве знаци кои укажуваат на лажење од страна на вашиот соговорник…
1. Прочистување на грлото. Нашиот „бегај или бори се“ одговор на стрес предизвикува потреба да се прочисти грлото кај оние кои лажат. Влажноста во нивното грло се премостува кон кожата во форма на пот, која резултира со сушење во грлото, поради која и настанува потребата за прочистување.
2. Силно подголтнување. Недостатокот од влажност во грлото кај оној кој лаже поради одговорот на стрес може да се манифестира и како „Потскокнување на Адамовото јаболко“.
3. Манипулација со вилицата. Некои лажливци ги отвораат нивните усни и ја движат вилицата напред-назад. Ова движење на вилицата ги стимулира жлездите за плунка кои се наоѓаат позади грлото и е само уште еден начин да се врати влажноста во грлото.
4. Насочување на очите. Нашите очи секогаш го покажуваат оној пат по кој нашето тело сака да тргне. Токму затоа лажливците секогаш го насочуваат својот поглед кон најблискиот излез, а со тоа и ни ја покажуваат нивната желба психички и физички да избегаат од анксиозноста која е предизвикана од лажењето. Луѓето кои гледаат често во своите часовници ја манифестираат истата желба, давајќи ви знак дека сакаат да го скратат разговорот.
5. Насочување на стапалата. Лажливците многу често ги насочуваат своите стапала кон вратата, бидејќи потсвесно сакаат да избегаат од оваа неудобна ситуација.
6. Недостаток од гестикулации. Лажливците многу често доживуваат потешкотии при гестикулирањето, како на пример, покажување со прст, лесен удар со раката по маса или пак, движењето на главата нанапред.
7. Движење на главата наназад. Лажливците имаат тенденција суптилно да ја поместат својата глава наназад додека лажат. Ова движење е нивен несвесен обид да се дистанцираат од изворот на анксиозноста. Луѓето имаат тенденција да се навалуваат кон оние нешта кои ги сакаат и да се дистанцираат од оние нешта кои не ги сакаат.
8. Навалување наназад. Лажливците обично го лулаат целото свое тело наназад со цел да се дистанцираат од изворот на нивната анксиозност, бидејќи се плашат дека ќе бидат откриени во нивната измама.
9. Заштита на вратот. Просторот кој се наоѓа во основата на вашиот врат е еден од најранливите делови од телото, бидејќи каква било препрека може да му попречи на вашето нормално дишење. Кога лажливците се чувствуваат под закана, тие го покриваат овој дел од телото со цел да се заштитат од разоткривање. Токму затоа, жените кои лажат можат да посегнат по нивниот ѓердан, а мажите можат да ја поднаместат нивната вратоврска со цел да се заштитат.
Суптилните и невербални знаци можат да укажуваат на измама и да ни овозможат дополнителна поддршка при идентификувањето на лага, но не заборавајте дека ниту еден невербален знак не е целосно веродостоен. Невербалните знаци се поверодостојни индикатори доколку се јавуваат во група со другите знаци. Најдобриот начин да ја откриете нивната веродостојност е доколку ги споредувате зборовите на личноста со објективните факти.
„…Влажноста во нивното грло се премостува кон кожата во форма на пот, која резултира со сушење во грлото…“
Исусе! Кога веќе препишувате од туѓи текстови, барем потрудете се преводот да звучи логично, ако не македонски.
Ваквите писанија се „добар начин“ да ги чувате случајните минувачи низ вашиот сајт, како што сум јас, далеку од вас.
Благодариме за фрустрациите 🙂