9 ситуации во кои археолозите не можеле да ги објаснат своите пронајдоци - Part 2

9 ситуации во кои археолозите не можеле да ги објаснат своите пронајдоци

5. Гробницата на Александар Македонски

9 ситуации во кои археолозите не можеле да ги објаснат своите пронајдоци

Според една верзија, телото на кралот било ставено во златен ковчег и испратено во Мемфис, а потоа во Александрија. Оттаму му се губи секаква трага. Некои веруваат дека неговиот ковчег е пронајден во Сидон, Либан – на ковчегот имало воин со шлем во форма на лав кој многу наликувал на кралот. Подоцна се открило дека станува збор за ковчегот на кралот на Сидон. Во 2014-та година пронајден е и скелет во близина на Ампифолис, Грција. Научниците мислат дека можеби станува збор за остатоците на Александар. Оваа верзија може да се потврди или побие само со ДНК тестирање и детално испитување.

6. Мумиите од Сан Бернардо, Колумбија

9 ситуации во кои археолозите не можеле да ги објаснат своите пронајдоци

Секоја година, сè повеќе и повеќе туристи доаѓаат во Сан Бернардо. Причината за ова е мистерија којашто научниците не можат да ја решат до денес. Во 1957-ма година локалните гробишта се поплавиле, па луѓето морале да ги отстрануваат остатоците од таму. Работниците биле навистина изненадени бидејќи некои од труповите биле природно мумифицирани во нивните ковчези. Локалните жители сметаат дека причината е посебен начин на исхрана кој го содржи овошјето чајоти. Но, ова не го објаснува фактот дека и облеката била одлично сочувана.

7. Гробот на Џингис Кан

9 ситуации во кои археолозите не можеле да ги објаснат своите пронајдоци

Во 15-тиот век било пронајдено местото каде што Џингис Кан ја добил големата битка. Според легендата, Џингис Кан изјавил дека тоа му било омиленото место. Археологот аматер Маури Кравиц посветил 40 години од својот живот во потрага по неговиот гроб. Тој се обидел да ја пронајде реката Бручи, која излегло дека не им е позната на картографите. Сепак, успеал да открие топоним – Барун Бруч. Иако археологот е сигурен за локацијата, гробницата сè уште не е пронајдена.

8. Гробницата во Поморје, Бугарија

9 ситуации во кои археолозите не можеле да ги објаснат своите пронајдоци

Оваа гробница со купола е лоцирана на територијата на некрополите Анхијал од Римскиот период. Во гробницата има комбинација од римски и тракиски традиции. Некои истражувачи сметаат дека гробницата е споменик во чест на херој од тој период. Истражувањата продолжуваат и денес бидејќи научниците сè уште не знаат која била намената на градбата.

9. Ракописот Сибиу, Романија

9 ситуации во кои археолозите не можеле да ги објаснат своите пронајдоци

Ракописот Сибиу е првиот документ кој детално ја опишува науката за ракетите. Средновековниот научник Конрад Хаас успешно го објаснил лансирањето на ракета со повеќе фази во 1555-та година, и можеби е авторот на овој текст. Конрад исто така опишал модерни летала и пишувал за ракетно гориво. Сепак, автентичноста на овие текстови предизвикува сомнеж и експертите сè уште ги проучуваат.

Прочитајте и нешто повеќе за археолошките откритија кои ги збунуваат и модерните научници.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар