9 парови кои докажуваат дека богатите мажи не одбираат само топ модели
5. Кристофер Нолан и Ема Томас
Кристофер и Ема се во брак уште од студентските денови и оттогаш се неразделни. Ема го поддржува нејзиниот сопруг и понекогаш работи и како продуцент на неговите филмови. Парот има 4 деца.
6. Стивен Содерберг и Џулс Аснер
Стивен е одговорен за филмовите за Дени Оушн. Џулс му помогнала да ги напише женските ликови во филмот, а нејзиното име често се појавува во неговите филмови. Во брак се веќе 15 години.
7. Ридли Скот и Џианина Фасио
Ридли Скот е автор на филмовите „Вонземјанин“ (Alien), „Марсовецот“ (The Martian), „Прометеј“ (Prometheus) и многу други. Ова е неговиот трет брак. Откако се разделил со втората сопруга почнал многу да работи, но кога ја запознал Џианина не можел да одолее на нејзиниот шарм. Заедно се 20 години.
8. Џорџ Лукас и Мелоди Хобсон
Џорџ и Мелоди се во брак 5 години, но биле пријатели многу подолго. Парот има ќерка и 3 посвоени деца. Без сомнение, заедно изгледаат неверојатно.
9. Џими Вејлс и Кејт Гарвеј
Џими е основачот на Википедија и ја запознал Кејт во 2011-та година. Една година подоцна парот се венчал и денес имаат ќерка. Изгледаат навистина среќно.
Овие 9 жени докажуваат дека дури и ако сте во брак со милионер, не треба да престанете да работите на себе и да имате своја кариера. Стереотипот дека богатите мажи одбираат само жени кои изгледаат убаво е навистина стар и погрешен. Она што е најважно е каква личност сте внатре.
Погледнете и кои се најкратките бракови во историјата на Холивуд.