9 одлични здравствени придобивки од имањето внуци - Part 2

9 одлични здравствени придобивки од имањето внуци

5. Проширено знаење

9 одлични здравствени придобивки од имањето внуци

Блиската врска помеѓу бабите и дедовците и внуците може да го прошири знаењето и на двете страни. Бабите и дедовците можат да ги научат децата на многу животни лекции, а можат да им ја пренесат и културната историја. Внуците од друга страна, ќе можат да ги научат бабите и дедовците за сите модерни трендови и технологија.

6. Подобар социјален живот

9 одлични здравствени придобивки од имањето внуци

Многу постари луѓе се чувствуваат осамено, но внуците можат навистина да ве исполнат. Според друго истражување од Медицинската библиотека во САД, имањето внуци промовира социјално активен живот, кој пак го забавува стареењето на мозокот.

7. Зајакнување на имунитетот

9 одлични здравствени придобивки од имањето внуци

Децата можеби се магнети за бактерии и нечистотија, но ова можат да бидат и добри вести. Наводно, минувањето време со вашите внуци може да ви го зајакне имунитетот. Кога сте изложени на повеќе допири, често се намалуваат воспалителните клетки и се зголемува бројот на белите крвни зрнца – клетките „борци“.

8. Продолжување на животот

9 одлични здравствени придобивки од имањето внуци

Вашите внуци можат да ви го продолжат животот. Според едно истражување, бабите и дедовците кои редовно се грижеле за нивните внуци, живееле подолго од оние кои не минувале време со нив.

9. Намален стрес

9 одлични здравствени придобивки од имањето внуци

Ако самите ги одгледувате внуците, нивото на стрес може да се зголеми. Но доколку само минувате време со нив, стресот се намалува. Всушност, кога минувате време со деца, најчесто сте насмеани и многу се смеете. Овие активности се одлични за намалување на стресот.

Погледнете и кои се нештата со кои бабите и дедовците ги излудуваат родителите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар