9 неверојатни историски предвидувања што навистина се оствариле - Part 2

9 неверојатни историски предвидувања што навистина се оствариле

5. Едвард Белами ја замислил кредитната картичка во 1888 година

(5)9-neverojatni-istoriski-predviduvanja-koi-se-ostvarile-kafepauza.mk

Кредитните картички почнале многу да се користат во доцните 1980-ти, но авторот на научна фантастика Едвард Белами, опишал сличен концепт во неговиот утописки роман „Гледање назад“ (Looking Backward, 2000-1887). Во десеттата глава, доктор Лити му објаснува на господин Вест дека во новиот свет:

„На секој граѓанин му е даден кредит кој одговара на неговиот годишен придонес кон нацијата… и кредитна картичка која може да ја користи во јавните продавници.“

6. Марк Твен си ја предвидел сопствената смрт

(6)9-neverojatni-istoriski-predviduvanja-koi-se-ostvarile-kafepauza.mk

Во 1909 година, биографот на Марк Твен, Алберт Бигалоу Пејн, го цитирал Твен кој рекол:

„Јас дојдов со Халеевата комета во 1835. Таа доаѓа повторно следната година, и јас очекувам да си заминам со неа. Ќе биде големо разочарување ако не го направам тоа. Семоќниот сигурно рекол ‘Еве ги овие двајца лудаци. Тие дојдоа заедно и мора да си одат заедно.’“

Марк Твен умрел на 21-ви април 1910 година, еден ден пред враќањето на кометата.

7. Роберт Бојл ја предвидел трансплантацијата на органи во 1660-тите

(7)9-neverojatni-istoriski-predviduvanja-koi-se-ostvarile-kafepauza.mk

Речиси 300 години пред првата трансплантација на орган, во 1954 година, Роберт Бојл, познат и како таткото на модерната хемија, во својот дневник го предвидел лекот за болести со помош на трансплантација. Тој исто така ги предвидел дрогата ЛСД, аспиринот и апчињата за спиење.

8. Артур Кларк ги замислил таблетите во 1968 година

(8)9-neverojatni-istoriski-predviduvanja-koi-se-ostvarile-kafepauza.mk

Футуристичката новела на Кларк „2001: Вселенска Одисеја“ (2001: A Space Odyssey) ги предвидела таблетите 42 години пред нивното појавување. И неговиот опис е навистина точен:

„Флојд го вклучи својот таблет за вести во информациското коло на бродот и ги скенираше последните новости од Земјата. Правоаголникот со големина на поштенска марка, се прошири додека не го исполни целиот екран.“

9. Џон Брунер во 1968 година го предвидел претседателот на САД во 2010

gettyimages-631431738

Еден од најчудните примери за пророштва е романот на Џон Брунер „Стоење на Занзибар“ (Stand on Zanzibar) во кој во 2010 година Америка е под водство на претседателот Обоми.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар