9 митови кои не ни дозволуваат да разбереме што навистина е шизофренијата
6. Шизофренијата трае цел живот
Всушност, таа е непредвидлива. Постојат луѓе чии животи драстично се менуваат со болеста и покрај третирањето, но тие се помалку. Според статистиката, 25% од заболените имаат само една психотична епизода, а потоа продолжуваат со нормален живот без никакви лекови. Други пациенти мораат да примаат лекови, но со децении немаат симптоми и живеат нормални животи. Има пациенти со ретки епизоди што само одвреме-навреме се појавуваат, но ова нема големо влијание на нивниот живот.
7. Луѓето со шизофренија се генијалци и не се болни, туку различни
Дали шизофренијата помага во уметноста? И да и не. Од една страна, шизофренијата, како и секоја друга болест, може да го намали квалитетот на животот. Од друга страна, навистина постои сличност помеѓу начинот на размислување кај луѓето со шизофренија и креативните личности. Во таламусот постојат малку рецептори за допамин кои го намалуваат нивото на филтрирање на сигналите. Се смета дека присуството на овие рецептори ја зголемува креативноста. Како и да е, шизофренијата е болест што треба да се третира.
8. Шизофренијата напредува брзо
Оваа болест напредува многу бавно и е речиси невозможно да се забележи на почетокот. Првите знаци изгледаат навистина „невино“, односно личноста може да има проблеми со работење, учење, комуникација и концентрација. Слични симптоми може да има и кај луѓе без шизофренија. Кога симптомите на болеста почнуваат да се влошуваат, личноста може да почне да слуша гласови или шепотење. Ова е оптималната фаза во која се почнува со третман. Малку луѓе биле во ситуација каде што шизофренијата напредувала брзо по првата епизода.
9. Тестовите за шизофренија кои се наоѓаат онлајн се бесмислици
Веројатно имате сретнато тестови за шизофренија на Интернет. Прашањето како „Која е сличноста помеѓу молив и чизма?“ можеби не изгледа сериозно, но кога се користи во психијатриските установи помага да се забележат и најмалите промени во размислувањето кои укажуваат на шизофренија. Па како функционираат овие тестови? Ако на една личност ѝ дадете да спореди неколку споредливи работи, како авион и воз, таа ќе ви каже дека сличноста е тоа што и двете се користат за транспорт. Ако ѝ речете да спореди нешто неспоредливо, како молив и чизма, повеќето луѓе нема да најдат поврзаност. Но личноста со шизофренија ќе најде не толку очигледна поврзаност, како на пример и чизмата и моливот оставаат траги. Одговорите на шизофреничарите може да бидат навистина креативни. Друг пример за тест за шизофренија е Роршаховиот тест. Што гледате на горната фотографија?
Одговорот на „нормалните“ луѓе е речиси секогаш предвидлив. Повеќето ќе кажат лилјак, молец или знакот на Бетмен. Се разбира, може да се преправате дека сте креативни и да смислите пооригинални одговори, но целта на овој тест е брзиот, неприсилен одговор.
Личноста со шизофренија може да види и зајак што влече две жени. Според психијатарите, овие пациенти не обрнуваат многу внимание на самата форма, туку размислуваат повеќе за деталите. На пример, еден пациент видел лилјак, но го опишал како изморен, стар и глув. Дури и онлајн тестовите што ќе ги најдете не се секогаш бесмислица.
Погледнете и некои од најневеројатните психолошки нарушувања и синдроми.