9 места во светот чии жители се обединети од голема тајна - Part 2

9 места во светот чии жители се обединети од голема тајна

5. Племето ваДома: Луѓето ноеви

9 места во светот чии жители се обединети од голема тајна

Луѓето од ова племе имаат генетска аномалија на стапалата позната како ектродактилија. Бидејќи им недостигаат 3-те средни прсти на стапалата, тие се наречени луѓе ноеви. Научниците веруваат дека причината за оваа аномалија можеби се старите закони кои забранувале венчавања надвор од племето.

6. Амиши

9 места во светот чии жители се обединети од голема тајна

Основачот на групата, Јакоб Аман, зборувал за предностите од ограничување на контактот со надворешниот свет. Сепак, Луј XIV го започнал протерувањето на оние кои не се католици, па Амишите морале да се преселат во Новиот свет. Денес постојат многу вакви заедници во САД и Канада. Тие не користат оружје, не плаќаат данок и не прифаќаат помош од властите. Нивните главни активности се фармерство и рачни изработки. Старите Амиши ги следат традиционалните правила – не возат автомобили, користат плуг, не користат струја, телефони или компјутери. Наместо фрижидер користат кутија полна со мраз. Новите Амиши употребуваат телефони и некои нови технологии за фармерство. Нивните семејства имаат најмалку 5 деца. Сите жени носат капи, не смеат да ја фарбаат или пострижуваат косата и не носат накит. Мажите не смеат да ја бричат брадата откако ќе стапат во брак. Децата не одат на училиште по 8-мо одделение. Во нивна 15-та година започнува периодот кога можат да ги кршат правилата и да ја напуштат заедницата. Пробуваат алкохол, пушат и купуваат модерна облека. По овој период, 90% од младите одлучуваат да продолжат со животот во заедницата и се крстени.

7. Уметничка колонија, Арден, Делавер

9 места во светот чии жители се обединети од голема тајна

Во 1900-тата година, двајца пријатели – скулпторот Френк Стивенс и архитектот Вил Прајс купиле земјиште во Делавер и основале уметничко село. Овде луѓето можат да имаат безгрижен селски живот, независна работа и само еден данок за земја. Уметниците кои ја сакаат слободата, музичарите и писателите биле восхитени од концептот. Луѓето развиле уметничка колонија продавајќи ги своите дела. Жителите на Арден се сметаат за следбеници на георгизмот – секој човек ги поседува своите креации, но даровите на природата им припаѓаат на сите. Селото е вистинско среќно место. Туристите го посетуваат за панаѓурите и фестивалите, купуваат оригинални изработки и им се восхитуваат на домовите изградени во стилот на средновековна Англија.

8. Хогвеј: Шоуто на Труман за постари

9 места во светот чии жители се обединети од голема тајна

Овде има куќи, супермаркети, кафетерии и фонтана. Сепак, единствените жители се пациенти со деменција. Но овие жители не страдаат ниту од болест, ниту од самотија. Секој апартман има 5-6 луѓе за кои се грижи персонал преправен како продавачи, фризери и други работници. Сè е организирано на тој начин што луѓето немаат потреба да го напуштаат селото.

„Главната цел е постарите луѓе да живеат нормален живот.“

Собите се дизајнирани според стилот на периодот кога престанала да функционира краткотрајната меморија на пациентите. Сепак, и овој проект бил мета на критики. Но овие луѓе навистина го сакаат нивното село. Им се подобрува апетитот, повеќе се социјализираат и пијат помалку лекови.

9. Финка Белависта: Рај на дрво

9 места во светот чии жители се обединети од голема тајна

Приказната за оваа заедница на дрво во Костарика е навистина интересна. Еден ден, скоро венчаните Метју и Ерика Хоган купиле голема површина земјиште во џунгла на која ѝ се заканувало сечење. Почнале да градат куќа на дрво, а наскоро им се придружиле луѓе кои го делеле истото мислење со нив. 10 години подоцна, се појавило вистинско еко-село. Жителите користат соларни батерии, струја без јаглероден диоксид, собираат вода од дождот, одгледуваат овошје и зеленчук и го рециклираат отпадот. Според Ерика, секој куќа е уникатна и со магичен поглед. Наместо јавен превоз користат јажиња. Многу сопственици нудат апартмани за издавање кои имаат и пристап до Интернет. Метју и Ерика изјавиле:

„Ги следевме нашите срца, не инвеститорите кога го создаваме ова место. Нашата примитивна идеја инспирира други луѓе.“

Прочитајте и кои се најморничавите дестинации во Европа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар