9 луѓе што успеале да продадат глупости за многу пари
6. Парче исушен лепак што наликува на Хомер Симпсон за 200.000 евра
Англичанецот Кристофер Херберт нашол парче исушен лепак што наликува на Хомер Симпсон од „Симпсонови“ (The Simpsons). Го ставил на аукција на eBay и бил многу изненаден од наддавањето за овој смешен предмет. Конечно, лепакот бил продаден за неверојатни 200.000 евра.
7. Пиксели од веб-сајт за 800.000 евра
Студентот Алекс Ту сакал да заработи пари, па создал веб-сајт каде што секој пиксел се продавал по цена од околу 1 евро. Минималната нарачка била 100 пиксели и оној што ќе ги купел можел да постави своја реклама. Алекс заработил 800.000 евра за помалку од 6 месеци, а покрај тоа и се прославил.
8. Тело како рекламен медиум за 800.000 евра
Џејсон Садлер изминативе 5 години заработувал носејќи маички со имињата на разни брендови и се фотографирал за социјалните мрежи. Првата тура реклами ја наплаќал околу 1 евро, но цената постепено растела. Евентуално, тој вработил и 4-ца други луѓе кои рекламирале на овој начин. Не само што Џејсон заработил 800.000 евра, туку станал и познат по оваа неверојатна идеја.
9. Фотографија од компир за 1 милион евра
Фотографот Кевин Абош лесно заработил милион евра. Во 2010 тој фотографирал компир на црна позадина и ја продал фотографијата на колекционер. Абош исто така фотографира и познати личности како Дастин Хофман со, за него препознатливата, црна позадина. Оваа година тој продал уште една слика, дигитална фотографија од роза, за 1 милион евра во форма на криптовалута.
Прочитајте и за луѓето кои ја направиле најдобрата зделка во нивниот живот.