9 катастрофални проблеми што можат да настанат од глобалното затоплување - Part 2

9 катастрофални проблеми што можат да настанат од глобалното затоплување

5. Шумски пожари

9 катастрофални проблеми што можат да настанат од глобалното затоплување

Инсектите не се единствената опасност за дрвата. Поради топлината, ќе се зголеми бројот на шумски пожари. Од ова ќе се појават неколку проблеми за луѓето. Пред сè, речиси е невозможно да се контролира огнот, па луѓето ќе треба да бидат евакуирани, а ова чини многу пари. Исто така поради пожарот многу микроскопски честички ќе патуваат низ воздухот и ќе завршат во нашите бели дробови. Шумските пожари се чести уште сега, а глобалното затоплување само ќе ја влоши ситуацијата.

6. Помалку риба

9 катастрофални проблеми што можат да настанат од глобалното затоплување

Зголемувањето на температурата ќе има негативно влијание и на морските суштества. Со промената на климата ќе се намали бројот на места на коишто рибите можат да живеат. Покрај тоа, барањето храна ќе им стане навистина потешко. Дури и зголемување на температурата од само 0,5 степени може да предизвика смрт на 80% од коралниот гребен. Зголемување од 1 степен ќе убие сè. За луѓето ова значи дека значително ќе се намали бројот на риби во океаните, а нивните цени ќе пораснат.

7. Поправање куќи и патишта

9 катастрофални проблеми што можат да настанат од глобалното затоплување

Северните делови од планетата ќе станат многу потопли. Но, луѓето коишто живеат овде нема да бидат среќни со промената. Зимите ќе бидат потопли и мразот кој отсекогаш бил таму ќе почне да се топи. Исто така ќе се уништат и многу градби. Патиштата нема да можат да ја издржат промената на температурата, па ќе се уништат и тие.

8. Лоша берба

9 катастрофални проблеми што можат да настанат од глобалното затоплување

Нема да се намали само бројот на овошје и зеленчук поради сушата. Поради глобалното затоплување, значително ќе се намали и квалитетот на храната. Редовната емисија на јаглероден диоксид ќе направи растенијата да растат побрзо, па нема да имаат време да развијат многу важни микроелементи. Како последица, ќе има многу овошје и зеленчук со помалку протеини, витамини и минерали кои се неопходни за нашето здравје.

9. Урагани и снежни бури

9 катастрофални проблеми што можат да настанат од глобалното затоплување

Поројните дождови и поплавите не се единствените проблеми. Светот ќе треба да се подготви и за многу урагани и бури. Брзото испарување на водата ќе го зголеми водниот циклус во океаните и ќе предизвика големи бури. Животот на планетата не само што ќе биде потежок за уживање, туку ќе стане и многу поопасен.

За среќа сè уште можеме да го спречиме глобалното затоплување, или во најмала рака да не ја зголемиме штетата. Секој човек што живее на планетата може да се вклучи во тоа. Селектирањето ѓубре и купувањето еколошки производи се само дел од едноставните нешта што можете да ги направите за значително да ја подобрите состојбата на планетата.

Погледнете и кои се чудните и неочекувани последици од промената на климата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар