9 човечки органи кои никој не знае за што служат - Part 2

9 човечки органи кои никој не знае за што служат

5. Брадавици кај мажите

9 човечки органи кои никој не знае за што служат

Појавата на брадавиците се поврзува со фактот што веднаш по зачнувањето, Y хромозомот е неактивен и затоа сите ембриони почнуваат да се развиваат на истиот начин. Дури во вториот месец од развојот почнуваат да се вклучуваат гените. Тогаш, првите полови жлезди кај мажите се претвораат во тестиси и почнуваат да произведуваат машки полови хормони. На тој начин се случуваат значителни промени во машкото тело, но брадавиците остануваат непроменети.

6. Слезина

9 човечки органи кои никој не знае за што служат

Слезината се сметала за „апсолутна мистерија“. Нејзините функции не се целосно познати, но сепак го знаеме следново:

  • Произведува лимфоцити и антитела.
  • Ги отстранува изумрените црвени крвни зрнца, а нивните остатоци му ги праќа на црниот дроб.
  • Служи како „магацин“ за складирање крв која се ослободува кога телото е изложено на големо физичко оптоварување.

7. Параназални синуси

9 човечки органи кои никој не знае за што служат

Не постои едногласно мислење кога станува збор за функцијата на параназалните синуси. Според различни теории, синусите ги имаат следниве функции:

  • Ја намалуваат релативната тежина на коските на черепот.
  • Го произведуваат човечкиот глас и имаат улога на звучна табла.
  • Ги намалуваат траумите со тоа што функционираат како шок апсорбери.
  • Го затоплуваат и навлажнуваат воздухот што го вдишуваме.

8. Тимус (Градна жлезда)

9 човечки органи кои никој не знае за што служат

Во тимусот, клетките се формираат за да се борат против вирусите и инфекциите. Овој процес е најинтензивен во првите две до три години од животот и потоа неговата функција почнува да се намалува. Кога ќе се достигне возраст од 30 години, тимусот речиси целосно престанува со работа и кај постарите луѓе нема речиси никаква трага од него.

9. Јакобсонов (вомероназален) орган

9 човечки органи кои никој не знае за што служат

Овој орган е многу добро развиен кај животните. Со негова помош, тие можат да ги почувствуваат испарливите органски соединенија што не е возможно со обичното сетило за мирис. Животните исто така го користат за да ги помирисаат феромоните. Можеби некогаш сте забележале како мачките душкаат нешто со отворена уста. Тоа е така поради вомероназалниот орган. И луѓето го имаат овој орган, но тој не може ни да се спореди со оној кај животните и изгледа како обична дупка во носната празнина. Дали органот нам ни служи за нешто останува мистерија.

А дали знаете колку сетила има човекот? Прочитајте за овие 3 дополнителни сетила за кои веројатно не сте чуле досега.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар