8 застрашувачки смртни случаи што им биле припишани на духови - Part 2

8 застрашувачки смртни случаи што им биле припишани на духови

5. Проколнатиот гроб на Карл Пруит

8 застрашувачки смртни случаи што им биле припишани на духови

Приказната започнала во Кентаки во 1938-ма година кога еден човек по име Карл Пруит ја пронашол неговата сопруга со друг маж. Сопругата ја задавил, а потоа се самоубил. Другиот маж избегал. Откако бил закопан, луѓето забележале дека на неговата надгробна плоча се појавило нешто што наликувало на синџир.

За кратко се појавиле неколку несреќни случаи со давење кои биле поврзани со гробот на Карл. И покрај тоа што било тешко да се поверува дека станува збор за случајност, двајца полицајци се охрабриле и се фотографирале со гробот. Кога излегле од гробиштата забележале дека биле следени од силна светлина. Биле во автомобил и почнале да возат побрзо, и на крај удриле во ограда. Еден од полицајците умрел, а неговата глава била речиси откината од синџирот на оградата.

6. Стариот работник

8 застрашувачки смртни случаи што им биле припишани на духови

Во 19-тиот век во Англија, судиите се потпирале на доказите од очевидците со цел да ја одредат причината за смртта во случаи кога се верувало дека има нешто натприродно. Во Бристол во 1841-ва година, Патрик Хајес паднал по скали и умрел. Сопругата на сопственикот на крчмата во која загинал Патрик, Мери Крокер, изјавила дека го слушнала кога паднал. Таа извикала и прашала кој паднал и добила одговор: „Јас, и мртов сум“. Мери изјавила дека мажот сигурно го видел духот на куќата – жена со свилена ноќница која веќе убила тројца мажи.

7. Случајот со Џек Скокачот

8 застрашувачки смртни случаи што им биле припишани на духови

Друга трагична приказна од 19-тиот век е за смртта на 7-годишната Џејн Халсл од Англија која наводно загинала од рацете на суштеството познато како Џек Скокачот. Приказните за Џек се раскажувале со децении пред смртта на Џејн.

Кога Џејн им кажала на родителите дека нејзините пријатели ја предупредиле за доаѓањето на Џек Скокачот, нејзините родители се обиделе да ја убедат дека тоа е лага. Но, истата ноќ Џејн се разболела и изгубила свест додека да дојде докторот. Шест часа пред нејзината смрт таа рекла: „Духот доаѓа“. Судијата заклучил дека умрела од страв и вината му ја префрлил на Џек.

8. Семејството Џејмисон

8 застрашувачки смртни случаи што им биле припишани на духови

Во 2009-та година семејството Џејмисон како да исчезнало од лицето на Земјата. Нивните тела не биле најдени цели 4 години и биле откриени во шумата во близина на нивниот камион којшто бил пронајден во 2009-та. Пред нивното исчезнување семејството му кажувало на секој што слуша дека биле прогонувани од дух и дека Медисон, нивната 6-годишна ќерка, редовно разговара со дух на девојче кое умрело во куќата пред неколку децении.

На денот на исчезнувањето, безбедносната камера ги снимала како го паркираат автомобилот и се во состојба што наликува на транс. Не е одредена причина за смртта, а постојат шпекулации дека членовите биле опседнати од духовите од нивниот дом. Бидејќи кога биле пронајдени телата биле речиси целосно распаднати, нема како да се дознае што ги убило членовите на семејството Џејмисон.

Прочитајте ги и приказните за училишта со духови кои стигнале до медиумите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар