8 митови за животот на нашите баби во кои сè уште веруваме - Part 2

8 митови за животот на нашите баби во кои сè уште веруваме

5. Жените не работеле, биле домаќинки и им било полесно

8 митови за животот на нашите баби во кои сè уште веруваме

Феминистките им ја одзеле можноста на жените да останат дома, да готват за нивните сопрузи и да ги одгледуваат нивните деца. Денес жените се присилени да работат како и мажите. Овој мит е често поддржуван од книги, филмови и псевдоисторија.

Вистината е дека жените кои живееле во градот работеле во фабрики, биле наставнички, медицински сестри и секретарки. Многу жени и деца работеле во текстилната индустрија, а нивната плата била многу пониска од онаа на мажите. Неколку денови пред породувањето, жената можела да замине на породилно отсуство.

На село ситуацијата била поразлична. Денот после породувањето, жената морала да се грижи за домаќинството, да цепи дрва, да готви, а за само неколку денови да се врати на полето. Жените ги земале децата со нив или ги оставале со постарите браќа и сестри.

Жените можеле да работат, но во многу лоши услови и за ниска плата, а истовремено требало да се грижат и за домот и за децата.

6. Жените ги доеле децата до 3 години и биле добри мајки

8 митови за животот на нашите баби во кои сè уште веруваме

Мајчинството била главната обврска на жените. Во 1919-та година се појавиле првите закони чија цел била заштита на жените пред и после породување. По правило, после породилното отсуство, мајката се враќала на работа. За децата се грижеле роднини или постари браќа и сестри. Во градовите постоеле центри за згрижување на деца, нешто како денешните градинки.

Во селата во Источна Европа, жените морале да се вратат на работа веднаш по породувањето.

7. Сите се хранеле здраво и биле безбедни

8 митови за животот на нашите баби во кои сè уште веруваме

На почетокот од 20-тиот век, просечниот животен век во Европа бил 31 година. До 60-тите, бројката се зголемила два пати. Високата стапка на смртност била најчеста кај децата под 5 години. Недостатокот од храна имал големо влијание на здравјето на децата и жените.

Гладот претставувал најголем проблем во 20-тиот век. Околу 70 милиони луѓе умреле од глад, од кои мнозинството биле селани. Храната била поприродна, но луѓето страдале од недостаток од витамини и минерали, поради што научниците се обидувале да развијат додатоци во исхраната.

8. Урбанизацијата ги ослободила жените од домашните обврски

8 митови за животот на нашите баби во кои сè уште веруваме

Преселувањето во градот можеби го олеснило животот на жените, но тие не се ослободиле од обврските во домаќинството, а најчесто мажите воопшто не им помагале. На почетокот на 20-тите, жените минувале околу 95% од слободното време во домашни обврски. Во 55 години, тие минувале 58% од слободното време готвејќи, перејќи и слично.

И покрај тоа што во модерниот свет се занемаруваат разликите помеѓу половите, жените сè уште се одговорни за 60% од домашните обврски. Во просек, мажите минуваат 15 минути дневно грижејќи се за домаќинството, додека жените минуваат 45. Сепак, оваа разлика постепено се намалува.

Доколку сакате историја, сигурно ќе ве интересираат и овие интересни факти за жените од минатото.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар