8 митови за вакцините кои предизвикаа епидемија на морбили во 21-виот век - Part 2

8 митови за вакцините кои предизвикаа епидемија на морбили во 21-виот век

5. Вакцините се само плацебо

8 митови за вакцините кои предизвикаа епидемија на морбили во 21-виот век

Случаи со морбили пред и после појавата на вакцината

За жал, ова е можеби најтешкиот мит за побивање бидејќи широката јавност не е добро запозната со научната работа. Постојат неколку видови вакцини и сите функционираат на ист начин:

  • Вакцината содржи ослабен вирус
  • Овој вирус го тера телото да создаде антитела, но не може да му наштети на организмот бидејќи е премногу слаб
  • Потоа кога телото ќе се соочи со силен вирус, тоа се „сеќава“ на вакцината и почнува да произведува антитела кои ја спречуваат инфекцијата

6. Есенцијалните масла се исто ефективни колку и вакцините

8 митови за вакцините кои предизвикаа епидемија на морбили во 21-виот век

Ова старо суеверие има некоја вистина, без разлика колку чудно звучи. Научниците тестирале есенцијални масла од рузмарин и жалфија за нивните ефекти против морбилите. Откриле дека овие масла имаат потенцијал да се справат со вирусот, но користењето есенцијални масла ниту може да ја излечи, ниту да ја спречи инфекцијата со морбили.

7. Вакцините за морбили се лесен начин за заработка со злоупотреба на довербата на луѓето

8 митови за вакцините кои предизвикаа епидемија на морбили во 21-виот век

Од историска гледна точка, овој аргумент е целосно неоправдан. Вакцинската индустрија никогаш не била профитабилна во минатото. Со децении, овој дел од фармацевтскиот пазар не бил финансиран и не функционирал добро. Многу компании дури и ги продавале одделите за вакцини, со цел да се фокусираат на профитабилни лекови. Други компании морале да се затворат бидејќи банкротирале. На пример, во 1967-ма биле направени само 26 вакцини, а во 1980-та само 17.

Дури се појавила и загриженост дека сите ќе престанат со производството на вакцини. Продавањето лекови кои се користат секој ден е многу попрофитабилно, за разлика од продавањето вакцини кои се користат еднаш годишно, или уште поретко.

8. Вакцините содржат опасни и отровни хемикалии

8 митови за вакцините кои предизвикаа епидемија на морбили во 21-виот век

Многу луѓе се загрижени за опасните хемикалии во вакцините. Најмногу грижа постои за живата, алуминиумот и формалдехидот. Овие хемикалии се опасни, но нивната концентрација во вакцините е толку мала, што нема потреба ни да се дискутира. Единствениот случај во кои вакцината може да биде опасна, е доколку личноста е алергична на некоја од состојките.

Погледнете ги и фактите за вакцинирањето што секој одговорен родител треба да ги знае.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар