8 митови за мажите во кои мора веднаш да престанете да верувате
Постојат некои причини за мажите кои во поголемиот дел од случаите се вистинити, како на пример, тие сакаат пиво и орален секс. Но, постојат и некои верувања кои се тотална глупости, како следниве 8…
Мит 1: Мажите сакаат да трчаат по девојка
Вистина: Мажите во денешно време обожаваат образовани и самоуверени жени. Истражувањето кое било неодамна спроведено од страна на сајтот „Match.com“ во Америка со кое биле испитани повеќе од 5.600 жени и мажи за љубовта и сексот, ни покажува дека дури 90% од мажите изјавиле дека сакаат девојката да ги покани на состанок. Сепак живееме во 2015 година…
Мит 2: Мажите сакаат само секс без обврски
Вистина: Не сите мажи го делат ова размислување, па дури и оние кои во моментов би се согласиле со него не значи дека ќе се согласуваат со него и во иднината. Некои мажи воопшто не се заинтересирани за секс без обврски, додека пак други го практикуваат само одреден дел од нивниот живот. Доколку тој сака секс, тоа не значи и дека не сака љубов или врска.
Мит 3: Мажите немаат биолошки часовник
Вистина: Антропологот Хелен Фишер вели дека и двата пола сакаат да најдат партнер во кој ќе се заљубат и со кој ќе имаат деца, особено пред 40-тата година. Мажите се желни за сè ова исто како и жените.
Мит 4: Големи стапала значат дека тој има и голем пенис
Вистина: За жал, не постои никаква научна потврда дека бројот на чевли (или големината на раката и носот) е индикатор за големината на неговиот полов орган. Сексуалниот терапевт, Стивен Снајдер објаснува дека станува збор само за урбани легенди.
Мит 5: Мажите имаат проблеми со врзувањето
Вистина: Хелен Фишер спровел истражување кое ја потврдува неговата теорија дека ова не е вистина. Мажите сакаат да ги запознаат своите партнерки со нивните родители и пријатели многу побрзо отколку што жените ја добиваат оваа желба, бидејќи тие се посклони кон јавно покажување на нивните емоции. Исто така тие порано сакаат и да почнат да живеат заедно со партнерката.
Мит 6: Мажите не можат да одглумат оргазам
Вистина: За жал реалноста е спротивна. Ако сте мислеле дека само жените се способни да одглумат оргазам, тогаш сте се лажеле. И мажите го прават тоа бидејќи често чувствуваат голем притисок за време на сексуалниот однос.
Мит 7: Мажите лесно доживуваат оргазам
Вистина: Мажите можат да имаат потешкотии и на ова поле, а медицинскиот поим за тоа е задоцнета ејакулација. Докторот Снајдер објаснува дека на некои мажи им е потребно малку повеќе време за да доживеат оргазам, а проблемот најчесто се наоѓа во стресот, алкохолот или консумирањето антидепресиви. Тоа може да се појави и кај младите, но и кај оние над 40 години.
Мит 8: Мажите размислуваат за секс на секои 7 секунди
Вистина: Ако тие навистина помислуваат на секс на секои 7 секунди, тогаш тоа нè води до бројка од 8.000 пати на ден. Доколку тоа навистина се случува тие би биле опседнати со сексот и не би можеле да функционираат нормално во текот на денот. Вистината е дека младите момци (18 – 25 години) помислуваат на секс до 19 пати дневно, што е многу помалку од 8.000.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Mnogu jaka matematika: ednas na 7 minuti = 8.5 pati na cas 8.5×24=204 a ne 8000. Ili ako odzememe 8 casa spienje, …
Секунди. Мал лапсус. 🙂