8 древни ритуали за созревање и станување возрасна личност
5. Менување на изгледот кај Ацтеките
Знаците за созревање биле потрајни кај Ацтеките. Девојчињата добивале белези на едниот колк и едната дојка кои покажувале дека можат да одат на училиште. Машките добивале пирс на устата на истата возраст. Ова се случувало за време на церемонија каде што децата биле учени како да се однесуваат и им кажувале што очекуваат нивните семејства од нив. Децата останувале во новото училиште сè додека не стапеле во брак, што било симболично за нивното влегување во светот на возрасните.
Повеќето момчиња го фаќале првиот воин непријател на 15-годишна возраст. Тогаш ја стрижеле нивната коса, така што била долга само над десното уво. Требало да фатат уште еден непријател за да ја скратат косата целосно.
6. Ритуали за пубертет кај Инките
За Инките, девојчињата станувале жени штом ќе ја добиеле првата менструација. Кога ќе се случело ова, девојчето останувало во куќата без храна. На третиот ден ѝ давале малку пченка, мајка ѝ ја бањала, ѝ ја плетела косата и ѝ давала нова чиста облека. Потоа доаѓале роднините и девојчето им служело храна и пијалаци. Ова било важна церемонија каде што најблискиот чичко му давал име на девојчето, а другите роднини ѝ давале подароци.
За благородните момчиња од Куско, се организирала церемонија во декември кога имале 14 години. Пред церемонијата тие жртвувале лама, а свештеник ставал од крвта на животното на челото на момчето. После ова следувало танцување и повеќе жртвувања.
7. Пешачење на Абориџините
Австралискиот ритуал на Абориџините го изведувале тинејџери кои станувале возрасни, најчесто на возраст помеѓу 10 и 16 години. Пред пешачењето, старешините го учеле детето за светот на возрасните, како да преживее и како да го изведе ритуалот. Самото пешачење траело 6 месеци и момчињата понекогаш изодувале и до 1.600 километри.
Во овој период се очекувало детето само да преживее во дивината, со цел да докаже дека може да се грижи за себе. Детето го напуштало племето само со наметка. Во некои племиња се вадел еден од забите на децата, или им се ставале обетки на носот или ушите. Овој ритуал не бил само за физичка издржливост, туку детето требало да се открие себеси и да комуницира со неговите духовни водичи. Кога детето ќе се вратело во племето, го сметале за возрасна личност.
8. Келтски подвиг
Кај ирските Келти, ритуалот за созревање бил многу важен за момчињата. Ова бил религиски настан кој го претворал момчето во воин и во маж. Ритуалот се состоел од подвиг чија природа зависела од племето. Некои момчиња биле испраќани во шумата, каде што требало да најдат одредени предмети со кои ќе покажат дека се способни да се грижат за себе. Други требало да одат во дивината на многу подолги експедиции. Со ова покажувале колку добро можеле да се грижат за себе. Келтите верувале дека момчињата можеле да добијат помош од бог или божица, што било важен дел од станувањето возрасна личност. Понекогаш и девојчињата го правеле ова, иако за нив не било неопходно.
Погледнете ги и овие неверојатни антички техники за претскажување на иднината.