7 техники за самоодбрана за жени препорачани од професионалец
4. Како да ги ослободите рацете?
Лесно можете да се ослободите од зафатот ако се сетите на правилото на палецот – завртете ја вашата рака кон внатрешноста на палецот на напаѓачот. Ако цврсто ви ја држи раката, вртете го зглобот кон палецот. Кога вашата рака е под раката на напаѓачот, извлечете ја најсилно што можете.
5. Ако ве фатат одзади
Напаѓачите најчесто доаѓаат одзади бидејќи ова е најлесен начин да ги држат рацете на жртвата. За да се ослободите, брзо навалете се назад и обидете се да го удрите напаѓачот со задниот дел од главата. Во ред е ако промашите, бидејќи целта е да го натерате напаѓачот да ја испружи едната нога напред. Кога ќе го направи тоа, брзо наведнете се, фатете ја неговата нога и повлечете нагоре. Напаѓачот ќе изгуби рамнотежа и на овој начин ќе го кутнете на земја без разлика на неговата големина.
6. Ако ве фатат од страна
Ударот со лакот е најопасен во речиси сите боречки вештини. Токму овој удар ви е потребен ако напаѓачот доаѓа од страна. Удрете по слепоочницата, вилицата или носот. По овој удар, напаѓачот ќе направи неколку чекори назад. Тогаш удрете го во стомакот или градите. Ударите со лакот се силни и ќе го дезориентираат секој противник.
7. Ако сте притиснати до ѕид
Често се случува напаѓачите да ги притиснат жртвите до ѕид. Во оваа ситуација важно е да ги запомните најранливите места и да удрите едно од нив во зависност од вашата позиција.
- Ако двете раце на напаѓачот се горе, исправете ја дланката и удрете го по пазувата.
- Ако една од вашите раце е долу, имате шанса да го удрите противникот во градите, вратот или вилицата.
- Најефективен и најмоќен удар е оној со вашата глава. Клекнете малку за да бидете пониско од напаѓачот. Потоа брзо скокнете и удрете го во вилицата со вашето чело. Овој удар веднаш ќе ви даде шанса да избегате.
Се разбира, се надеваме дека ќе нема потреба да ги употребите овие движења, но ако се најдете во опасна ситуација сетете се на ранливите места.
Погледнете ги и 3-те женски оружја кои ќе ви помогнат при ненадеен напад.