7 приказни за тоа како им се променил животот на добитниците на лотарија
4. Бред Дјук, човек со амбиции, 220 милиони долари
Бред Дјук од Ајдахо, Америка, бил богат уште пред да добие на лотарија. Имено, тој бил сопственик на 5 фитнес центри. Во 2005 година, откако добил на лотарија, тој изјавил дека сака да собере 1 билион долари и да им помага на другите.
Бред си останал доследен на зборот и инвестирал во недвижнини, а истовремено управувал со неговите сали за вежбање и се занимавал со хуманитарни организации. Сѐ уште нема собрано 1 билион, но го удвоил неговиот капитал и сака да напише книга за тоа кога ќе ја достигне целта. Дјук изјавил дека би сакал да постапи правилно со неговите пари и да го сподели искуството со други луѓе.
5. Ендру Џ. Виттејкер Џуниор, најнесреќниот среќен човек, 314 милиони долари
Кога Ендру Виттејкер добил џекпот на лотарија, сите мислеле дека ќе ги зголеми неговите заштеди и ќе процвета, бидејќи вредноста на неговата градежна фирма веќе била проценета на 17 милиони долари. На почетокот сѐ тргнало како што треба. Џек дал 10% од добивката во хуманитарни цели, купил куча и автомобил за продавачот кој му го продал среќниот лоз.
Но, демоните на Џек сепак успеале да завладеат со него. Тој почнал да пие, да се коцка и да троши многу пари. Прво, крадци украле 500.000 долари од неговиот автомобил. Потоа, некој ги испразнил неговите сметки во банка со тоа што го фалсификувал неговиот потпис на чековите. Во 2016 година, неосигураната куќа на Џек изгорела. Како последица на сето тоа, за 4 години, Виттејкер останал со празни џебови и со долг во казино кој изнесувал 1,5 милиони долари.
6. Џејн Парк, која сака да ја тужи лотаријата, 1 милион фунти
Џејн Парк е најмладата добитничка на голема сума на пари на лотарија. Таа добила 1 милион фунти кога имала 17 години. Џејн веднаш среќно и задоволно почнала неконтролирано да троши пари на шопинг, но по 4 години таа изјавила дека сака да ја тужи управата на лотаријата. Девојката се соочила со многу непријатели, дури морала да вработи обезбедување за да се заштити од нивните закани. Таа тврди дека животот ќе ѝ беше 10 пати подобар да не добиеше на лотарија.
7. Питер Левери, поранешен возач на автобус, 10 милиони фунти
Иако Питер Левери од Белфаст бил само обичен возач на автобус, тој успеал да го извлече максимумот од неговите пари. Основал неколку бизниси, од кои најпознатиот е дестилеријата Cooley Whiskey, првата во Белфаст во последните 75 години. Покрај дестилерија, таму има просторија за дегустација и ресторан со капацитет од 200 луѓе.
Питер изјавил дека сега работи многу повеќе за разлика од претходно. Но, многу е среќен и дестилеријата за него претставува уште една добивка на лотарија.
Доколку ве заинтересираа овие приказни, прочитајте за следниве 5 најголеми добитници на лотарија, а губитници во животот.